Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Дебата за бруталноста врз животните за време на фестивалот Дашаин во Непал

Хиндуска божица Дурга. Фотографија од Кристина Кунду, Викимедија Комонс.

Дашаин, најпрославениот фестивал во Непал, ќе заврши годинава на 22 октомври, петок. Прославата што трае петнаесет дена е во чест на божицата Дурга, којашто е симбол на сила, благосостојба, мајчинска љубов и уништување на злото.

Непалците ширум светот го слават Дашаин со ентузијазам што ги зближува заедниците и семејствата. Сепак, во последно време овој сакан празник е критикуван од многу причини, но највеќе поради бруталност кон животните.

Бидејќи божицата Дурга е симбол на силата и уништувач на злото, за време на Дашаин се принесуваат животни како жртва во храмовите ширум Непал. Жртвата го симболизира уништувањето на злото и приврзаниците се надеваат дека со тоа ја задоволуваат божицата.

Минатата година, различни групи организираа собири и јавни средби барајќи од луѓето да престанат со жртвувањето животни во име на религијата. Глобални гласови (Global Voices) го обработи ова во објава насловена Кон похуман Дашаин фестивал.

За жал, овој обичај и понатаму продолжува и на овогодинешниот Дашаин фестивал повторно се изведоа бројни жртвувања на животни низ целата држава.

Лора Голдман на Change.org предлага приврзаниците „да жртвуваат тикви, а не бизони за време на Дашаин фестивалот во Непал“:

„…Мрежата за добросостојба на животните во Непал – Animal Welfare Network Nepal (AWNN) има подобра идеја за пољубезна, понежна жртва. Зошто да не се коле тиква, наместо бизон? Кокос наместо коза? Ќе се задржи идејата, но ќе биде многу похумано (и помалку грозоморно).

Мрежата започна со својата кампања Стоп за жртвувањето животни на почетокот на годинава за време на Гадимаи фестивалот во Бара, кога 200 000 животни беа жртвувани во рок од 24 часа.“

Некои укажуваат и на светите книги и им посочуваат на приврзаниците дека жртвувањњто на животните не е во согласност со начелата на Хиндуизмот.

AnimalRights Nepal вели дека божица којашто е симбол на мајчинска љубов не може да биде задоволена со жртвување на животни, бидејќи тоа за неа би значело убивање на нејзините сопствени суштества.

„Според хиндуистички религиозни текстови што се однесуваат на правата на животните, никаде не се спомнува жртвување на животни за задоволување на Богови и Божици, кои никогаш не би дозволиле своите суштества да бидат заклани во нивно име. Човечките суштества ги убиваат тие невини суштества од свои себични мотиви. Во суштина, тоа е против Хиндуизмот и начинот на живеење. Мора да се има почит кон сите живи суштества.“

Интересен е фактот што дебатата за жртвување на животни за време на Дашаин е главна тема само во Непал. Непалците што го слават Дашаин во странство главно молчат за ова, бидејќи обичајот со жртвување на животни не е дел од славењето на Дашаин надвор од Непал, особено во Европа и во Северна Америка.

И покрај контроверзноста околу жртвувањето на животни и зголеменото внимание од меѓународните медиуми во врска со тоа, Дашаин сеуште зазема посебно место во срцата и душите на Непалците ширум светот.

Храна за Дашаин – Тика. Слика од Flickr корисник Doll Damned. Криејтив Комонс – наведи извор – некомерцијално – без адаптирани дела

Во Авганистан, британски трупи на Гурка го слават Дашаин на традиционален начин, со вообичаена индиска храна – тика (направена од прашок од цинобер, јогурт и зрна ориз) и благослов од постарите.

„Гурките поставуваат мали храмови за неделни молитви и благослови во секоја од своите патролни бази. Во август Баталион Пундит (Индиски клисар) ги посетил Гурките во Нахре Сарај, одржувајќи миса во храмот и го благословувал секој војник со тика (црвена точка на челото).

За време на фестивалот Дашаин, принесено е овошје во храмовите и секое утро се држат миси за војниците. Многу Гурки се забележани со црвени тики за време на Дашаин- благослови за безбедност и благосостојба, како што се приближуваат кон крајот на нивната служба и враќањето дома во своите семејства.“

И во семејствата со измешани култури се слави Дашаин со возбуда. Една Американка верена со Непалец,  на нејзиниот блог AmericaNepali пишува за искуството од набљудување на фестивалот.

Како што е случајот со сите религиозни почитувања, Дашаин носи своја група од морални и етички предизвици, но не можеме да ја игнорираме неизмерната радост и изобилие што ги носат овие почитувања додека се соочуваме со предизвиците.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.