Иницијативата „Технологија за транспарентност“, заедно со „Нови тактики во човековите права“ ве покануваат да се приклучите на онлајн дискусијата за „Користење на технологијата за поттикнување на транспарентноста“, која стартува денес и продолжува до 27 септември, 2011 година.
Постојат голем број на глобални движења од проектите за технологијата и дигиталните медиуми, кои служат за поттикнување на владината транспарентност, одговорност и јавно учество во политичките процеси. Откако документираа десетици случаи во целиот свет, Мрежата Технологија за транспарентност, која е проект на Рајсинг војсис, ги документираше овие проекти за транспарентност, со цел да стекнат подобро разбирање на нивното тековно влијание, пречки и иден потенцијал. Сега е време да се започне комуникацијата, со помош на одличната платформа „Нови тактики за човекови права“.
Оваа недела покануваме 11 експерти од целиот свет, од различни проекти кои промовираат отвореност, соработка и транспарентност, за да ги одговорат вашите прашања, да коментираат на интересни теми и да ја дискутираат иднината на технологијата за промовирање на транспарентноста.
Џоин Елизабет Волф од Ciudadano Inteligente (Паметен граѓанин), Чиле; Сузан Вила и Јорге Сото од Citivox, Мексико; Мајк Линксвајер од Криејтив комонс; Џонатан Греј од Фондацијата Отворено знаење, Велика Британија; Диего Касес од Елеитор 2010, Бразил; Камила Бустаманте од Датерос, Перу; Улрих Мулер од Германија; Маја Индира Ганес од Заедницата Тактичка технологија; Џон (Кип) Кипчумба од ИнфоНет, Кенија; Амр Гарбеја, менаџер на програмата за технологија и слобода програмски на Египетската иницијатива за лични права; и Менди ЊоЊо , менаџер на фондот за Африканската иницијатива за технолигија и транспарентност во Кенија.
Дијалогот е можност да се споделат овие истражувања и инструменти со онлајн заедницата на Нови тактики, да се учи од искуството на практикантите кои ги спроведуваат овие проекти, и да се дискутираат новите идеи, предизвици, ризици и можности. Приклучете ни се онлајн од 21 – 27 септември за да ги споделите вашите приказни, идеи и ресурси.