Campus Party (Кампус забава) – Бразил 2009 [1] се одржа во градот Сао Паоло и заврши на 25 јануари. Повеќе од 6500 луѓе земаа учество во вториот по ред најголем настан за технологија и дигитална култура во Латинска Америка, на кој се дискутираше за блогови, роботи, фотографија и видео, игри, слободен софтвер, дигитална инклузија, па дури и екологија. Во овој фото-приказ на настанот ќе имате можност да видите неколку интересни фотографии од илјадниците објавени на Фликер [2] под Криејтив комонс лиценца.
Фотографија од poperotico [4], со следниов текст:
Илјадници од студенти собрани тука во арената на Campus Party 2009, која се одржуваше во Centro de Exposições Imigrantes. Дали вие присуствувавте?
#cparty, јас бев таму!
Модификација на куќиште, фотографија од _thebest_ [6]
„Ова е CPU!“, фотографија од Fabio Pazzini [7]
Фотографија од Luiza Medeiros [8], со наслов „Гикови бараат музика на Campus Party“. Демонстрацијата се случи на 24 јануари и стана позната како „Играње со столици“, „Балет со столици“ или „Протест со столици“. Еве видео [9] на кое се прикажува протестот. Elzo Brito [10] [португалски] објаснува:
На крајот не добивме музика бидејќи според организаторите на настанот до нас имало болница и тие веќе се жалеле двапати, а третиот пат дошол полицаец кој барал да заврши настанот.
Фотографија од Tatiana_Reis [12] во делот за дигитална инклузија
Имаше и некои демонстрации против контроверзниот Закон за дигитални прекршоци [13] (со кој сајбер-прекршоците се казниви со закон), кој може да биде доставен во Сенатот во текот на оваа година:
„Против против предлог-законот на сенаторот Азерадо“. Фотографија од Tatiana_Reis [12].
На банерот е напишано: „Протестирај за иднината на интернетот во Бразил и во светот“. Фотографија од bntmzk [15]. Слична фотографија од Gabriel Chiarastelli [16] доби второ место на натпреварот за најдобра фотографија на Campus Party.
„Проширена реалност“, фотографија од R. Seiji [18].
Старата технологија сè уште преживува. Фотографија од HelenaN [20]
„Дали блогерите ти помагаат да го оформиш своето мислење?“. Фотографија од fore [21].
„Помогни им на програмерите на светот, ажурирај го својот никаков Интернет експлорер 6. ПС: Всушност, почни да користиш Фајрфокс“. Фотографија од vivoandando [22].
Рушејќи го националниот рекорд за оверклок (overclock [23]) на Campus Party, BR-OCT тимот постигна брзина на процесор од 5.6 Gh [24] [португалски].
(Неколку од таговите на Фликер за овој настан се: cparty, cparty09, cpbrasil, campusparty, #cparty, campuspartybrasil, campuspartybrasil2009)