Бразил: Приказ на Campus Party – Бразил преку фотографии

Campus Party (Кампус забава) – Бразил 2009 се одржа во градот Сао Паоло и заврши на 25 јануари. Повеќе од 6500 луѓе земаа учество во вториот по ред најголем настан за технологија и дигитална култура во Латинска Америка, на кој се дискутираше за блогови, роботи, фотографија и видео, игри, слободен софтвер, дигитална инклузија, па дури и екологија. Во овој фото-приказ на настанот ќе имате можност да видите неколку интересни фотографии од илјадниците објавени на Фликер под Криејтив комонс лиценца.

Студенти на Campus Party

Фотографија од poperotico, со следниов текст:

Илјадници од студенти собрани тука во арената на Campus Party 2009, која се одржуваше во Centro de Exposições Imigrantes. Дали вие присуствувавте?
#cparty, јас бев таму!

Модифицирано куќиште

Модификација на куќиште, фотографија од _thebest_

Робот

„Ова е CPU!“, фотографија од Fabio Pazzini

Протест за музика

Фотографија од Luiza Medeiros, со наслов „Гикови бараат музика на Campus Party“. Демонстрацијата се случи на 24 јануари и стана позната како „Играње со столици“, „Балет со столици“ или „Протест со столици“. Еве видео на кое се прикажува протестот. Elzo Brito [португалски] објаснува:

На крајот не добивме музика бидејќи според организаторите на настанот до нас имало болница и тие веќе се жалеле двапати, а третиот пат дошол полицаец кој барал да заврши настанот.

Фотографија од Tatiana_Reis во делот за дигитална инклузија

Имаше и некои демонстрации против контроверзниот Закон за дигитални прекршоци (со кој сајбер-прекршоците се казниви со закон), кој може да биде доставен во Сенатот во текот на оваа година:

Демонстрации

„Против против предлог-законот на сенаторот Азерадо“. Фотографија од Tatiana_Reis.

На банерот е напишано: „Протестирај за иднината на интернетот во Бразил и во светот“. Фотографија од bntmzk. Слична фотографија од Gabriel Chiarastelli доби второ место на натпреварот за најдобра фотографија на Campus Party.

Проширена реалност

„Проширена реалност“, фотографија од R. Seiji.

Старата технологија сè уште преживува. Фотографија од HelenaN

„Дали блогерите ти помагаат да го оформиш своето мислење?“. Фотографија од fore.

„Помогни им на програмерите на светот, ажурирај го својот никаков Интернет експлорер 6. ПС: Всушност, почни да користиш Фајрфокс“. Фотографија од vivoandando.

Рушејќи го националниот рекорд за оверклок (overclock) на Campus Party, BR-OCT тимот постигна брзина на процесор од 5.6 Gh [португалски].

(Неколку од таговите на Фликер за овој настан се: cparty, cparty09, cpbrasil, campusparty, #cparty, campuspartybrasil, campuspartybrasil2009)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.