Израел: Каде е Махмуд ал-Захар?

Во неделата беше цитиран палестински извор со изјава дека највисокото лице на Хамас, Махмуд Захар бил повреден за време на последните денови од операцијата Cast Lead во појасот Газа. Весникот исто така изјави дека Захар бил однесен во Каиро, Египет, пред да може медицински тим да влезе во просторот на појасот каде тој бил повреден. Нема понатамошни детали ниту за сериозноста на повредата ниту пак за неговата сегашна состојба.

Според извештајот на Аван, лидерот на Хамас, Махмуд ал-Захар [полу Египќанец] е повреден во последните денови на израелската агресија во појасот Газа и тајно пренесен со амбулантно возило.

Effi Fuks пишува:

מחמוד א-זאהר נחשב ל”חסן נסראללה” של חמאס עזה. בפועל, א-זאהר הוא האדם הבכיר ביותר הנהגת חמאס ברצועת עזה (אף יותר מראש הממשלה, איסמעיל הנייה) והוא אוחז בתיק החוץ של ממשלת חמאס. מחמוד נחשב לדובר המיומן והמתוקשר ביותר של חמאס ברצועה ובימיה הראשונים של המערכה ברצועת עזה אף הספיק להתראיין ולשוחח בטלפון. אולם, יום אחד, אבדו עקבותיו של מחמוד כששמועות רבות מאפילות על גורלו, חלק מהשמועות מדברות על מותו, חלק על אשפוזו במדינה רחוקה וחלק אף מרחיקות לכת עוד יותר. ילדים יקרים, האם תוכלו לסייע לקורא המבולבל למצוא את מחמוד?

Махмуд ал-Захар се смета за „Насрала“ на Хамас во Газа. Тој е успешно најстариот водач на Хамас во Газа (дури постар и од Премиерот, Исмаил Ханије) и тој е на позицијата Министер за надворешни работи. Махмуд е најголемиот државен портпарол во појасот Газа и за време на првите денови од израелската операција тој наоѓаше време за интервју и да зборува на телефон. Сепак, еден ден тој исчезна, покренувајќи најразлични озборувања за неговото живеалиште. Некои зборуваа за неговата смрт, а други се прашуваа за можноста да се лекува во болница во друга држава. Драги деца, може ли да му помогнете на овој збунет читател да го пронајде Махмуд?

(благодарам за линкот Насер!)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.