- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

На Кина и се заканува интернет цензура од Америка

Категории: Источна Азија, Латинска Америка, Среден Исток и Западна Африка, Супсахарска Африка, Иран, Кина, Куба, Северна Кореја, Сирија, Судан, Закон, Политика, Развој, Слобода на говор, Технологија

Само неколку денови по говорот за слобода на интернет [1] на американскиот државен секретар Хилари Клинтон [2], репозиториумот за софтвер со отворен код SourceForge.net забрани пристап [3] за ИП адреси од Куба, Иран, Северна Кореја, Судан и Сирија.

SourceForge го оправдува потегот [4] со тоа што велат дека тие само го следат американскиот закон [5]. Тоа е слично на аргументот што го даде портпаролот на кинеската Влада кога беше запрашан за интернет цензурата во нивната земја [6].

SourceForge бил блокиран од Кина [7] и претходно. Проширувањето на информацијата за овој нов фаевол (firewall) од Америка ги остави кинеските кодери да се прашуваат дали сега ќе бидат блокирани и од другата страна и што може да се направи во врска со тоа.

sourceforgeblock [8]

Фотографија од блогот Moonlight на Вилијам Лон.

На CNBeta денот кога се прошири веста, ugmbbc напиша [9]:

在今天,开源精神遭到了践踏,SourceForge会因为他们被要求屏蔽流氓国家而去美国国会抗议么?

这是个棘手的问题,难道仅仅因为这几个国家的极少数的一部分人的极端行为,就要整个国家遭到惩罚么?开源软件为这些受到压迫和发展中的国家提供了重要的基础设施。希望美国政府能够看到对这些国家基础设施和羽翼未丰的产业带来的打击。

Културата на слободен софтвер денес беше нападната. Со барањето да се блокираат овие нечесни нации, дали SourceForge ќе протестира пред американскиот конгрес?

Ова е заплеткана ситуација, но дали цела држава треба да биде казнета само поради екстремните акции на мали заедници од овие земји? Слободниот софтвер овозможува важна инфраструктура во овие угнетувани нации и земји во развој. Се надевам дека американската Влада ќе види каков удар е ова за инфраструктурата и неразвиените индустрии во овие земји.

На заедницата од гикови Solidot, free-as-in-freedom забележува [10] дека овој потег на SourceForge ги следи претходните ограничувања на корисниците од овие пет држави, дозволувајќи им да ја разгледуваат страницата и да преземаат код, но им забранува да придонесуваат. Некои од коментарите на ова се:

Alpha.Roc:

SourceForge 还是要遵守美国法律的呀?

SourceForge мора да се придржува до американските закони!

alvan:

SourceForge为什么一定要遵从自由软件精神?软件只是代码,所以可以自由中立;但是网站是离不开服务器的,你的服务器放在哪个国家,就要遵从这个国家的法律——这个天经地义呀。

Зошто SourceForge треба да остане верен на културата на слободен софтвер? Софтверот е само код, што го прави и слободен и неутрален; но веб сајтовите не можат да избегаат од серверите каде се поставени и затоа мора да се почитуваат законите на земјата каде што се наоѓа вашиот сервер. Едноставно така одат работите.

pynets:

这是人家的自由

Тоа е нивна слобода

erlv на неговиот технички блог LingCC ги гледа [11] политичките импликации кои го повредуваат движењето на слободниот софтвер:

每个喜欢互联网技术,拥护开源的人都不想让开源沦为政治工具,但这是一个政治主导的世界,你得听政府的,政府是老大,你在政府的地盘上混,管你什么道义,什么自由,什么开源,统统只是工具。

我不是在鼓吹网络长城多么利国利民,但我们确实需要一种手段,让我们与国外能自由交流的同时,能摆脱对他们的依赖。正如现在国内,开源爱好者们都很乐于将自己的代码贡献出来,给开源社区,但当它变成政治工具的时候,我们如何取得该属于我们的权利?

SourceForge.net好像在国内还没有官方的镜像服务器. 如果我们的官老爷们真的为我国的信息产业处心积虑,鞠躬尽瘁的话,倒不如拿支持防火长城项目1%的钱,作为政府鼎力支持,在国内建几个开源镜像服务器,这样,至少我们还能有所有的源码,至少我们有了独立自主!

Никој кој ја сака технологијата или го поддржува слободниот софтвер не сака да види како слободниот софтвер станува политичка алатка, но сепак ова е свет со кој владее политиката; може да кажете што сакате за принципи, слободен или отворен код, но кога сте на владина територија, Владата ги носи одлуките, па затоа подобро слушајте: тоа се само алатки.

Не велам дека овој фаервол е добар за земјата или луѓето, но ние треба да преземеме неколку чекори со кои ќе се осигуриме дека ќе можеме слободно да комуницираме со земјите преку морето, а сепак ќе може да престанеме да зависиме од нив. Еве каква е сега ситуацијата, сите поддржувачи на слободниот софтвер со задоволство го споделуваат нивниот код со остатокот од заедницата. Но кога тоа ќе стане политичка алатка, како треба ние да се избориме за тие правила кои ни припаѓаат?

Јас мислам дека SourceForge нема сервери во Кина. Ако одговорните навистина сакале да делуваат во корист на информатичките индустрии на нашата земја, немаше да им претставува проблем да земат 1% од парите вложени во фаерволот, како искрена поддршка на владата, и да постават неколку сервери во земјава. Барем на овој начин сè уште ќе го имавме нашиот код. Барем сè уште ќе ја имавме нашата независност!