Kaко меѓународна заедница на автори, преведувачи и активисти за човекови права, „Глобал војсис“ искажува солидарност со организациите и заедниците погодени од неодамнешното замрзнување на странската помош од САД. Ненадејното запирање на финансирањето веќе има катастрофални последици, бидејќи доведе до губење работни места во граѓански организации низ целиот свет, прекин на проектни активности и нарушување на критични услуги. Дури и ако финансирањето набргу продолжи, хаосот од оваа недела ќе има долготрајни последици, најмногу штетејќи им на луѓето на кои им е најпотребна помошта, како и луѓето кои работат на дистрибуција на таква помош.
Во Глобал војсис ние веруваме во моќта на раскажување приказни за градење разбирање и отчетност. Додека се случуваат овие настани, ќе продолжиме да ја зајакнуваме гласноста на гласовите погодени од овие одлуки, директно или индиректно, за да може да ги искомуницираат своите погледи и вистинските човечки последици на ваквите политики.
Оваа ситуација исто така ја истакнува потребата за систем на помош кој ќе биде поодржлив, полокализиран, и помалку зависен од големи донатори со огромна моќ за влијание на одлуките. И додека сме свесни дека не може веднаш да се направи замена на целиот обем на меѓународна поддршка од САД, сите треба да замислиме и да работиме на градење порамноправен и одржлив систем за меѓународна помош.
Ги повикуваме нашите колеги, партнери и глобални граѓани да ги поддржат погодените организации на сите можни начини – било преку пренесување на нивните приказни, собирање ресурси или застапување за политики што ќе ја одржат меѓународната солидарност.
Ќе продолжиме да је следиме ситуацијата и да ја информираме нашата заедница. Вашите придонесе се добредојдени доколку имате стории што би сакале да ги споделите и да ја дополните глобалната слика со вашите погледи или начини да се помогне.
Заедно може да работиме кон градење на свет каде соработката, а не изолацијата, е основа за нашите глобални одговори на кризи.