- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Зошто ерменските раселени лица сѐ уште живеат во хотел и по 30 години од бегството од Азарбејџан?

Категории: Централна Азија и Кавказ, Ерменија, Бегалци, Владеење, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Миграција и имиграција

Хотелот „Наира“ во Ереван е дом на бегалци од Азарбејџан. Фотографија преземена [1] од „Чаи-кана.орг“. Искористена со дозвола.

Овој напис е сторија [1] на „Чаи-кана.орг“ [2] и е реобјавен од страна на „Глобал војсис“ според договор за партнерство. Текстот и видеото се на Арен Меликјан [3] и Хермине Вирабиан [4].

Денес, хотелот е дом на три генерации, вклучувајќи ги и внуците и децата на лицата кои беа приморани да го напуштат Азарбејџан во 80-те години на 20 век, за време на периодот кој водеше во конфликтот во Карабах. И покрај чекањето, тие не губат надеж дека еден ден ќе добијат куќи во Ерменија.

Нивните повици и писмени молби со години не наидуваат на слух. Оние, пак, кои добиле некаков одговор од функционери бил во форма на ветување.

По триесет години поминати во „апартмани“ од 11 квадратни метри во зграда која е позната по својата лоша инфраструктура, некои семејства бараат нови живеалишта од државата. Но, тие се плашат дека со таквите обиди ризикуваат да ги изгубат собите кои веќе ги имаат во хотелот „Наири“.