Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Измислената сестра травестит на Уго Чавез ги руши стереотипите во Венецуела

Chavela Frías, en una de las numerosas composiciones que pueden verse en la página pública del personaje en Facebook.

Фото: Фејсбук група Чавела Фријас.

Малку се знае за измислената сестра-травестит на покојниот венецуелски претседател Уго Чавез Фријас и покрај нејзината огромна популарност на друштвените мрежи. Ликот е направен од кукла на поранешниот претседател, играчка која беше популарна меѓу следбениците на Чавез пред повеќе од една деценија. Куклата со ликот на Чавез беше создадена за да се натпреварува со „традиционалните“ кукли од американските стрипови, и според некои медиуми, таа се држеше добро сѐ до Божиќ 2005 година.

Сепак, 10 години по нејзиното издавање, куклата со ликот на поранешниот претседател доби нов идентитет благодарение на еден анонимен уметник, којшто се здоби со невидена популарност. Уметникот ја фотографира Чавела во разни облеки, со пријатели и на пат кон разни дестинации. Чавела Фријас има сметки на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Во нејзината биографија стои:

Nací en Sabaneta el 28 de Julio de 1954. Soy trasexual y gemela de mi hermano Hugo Chavez Frias.

Родена сум на 28ми јули 1954 во Сабанета. Јас сум травестит и близначка на Уго Чавез Фријас.

Barcelona

Фото: Од албумот „Мојот одмор“ на Чавела Фријас

Необичниот уметнички проект привлече многу следбеници и коментари, а исто така поттикна и неколку анализи. Но, не секој е фан. Некои медиуми кои беа близу до Чавез додека беше претседател, јавно го изразија своето незадоволство:

Ahora a la derecha, al sector menos creativo de la derecha, le ha dado por abrir una cuenta en la red social Facebook para burlarse nada más y nada menos que de nuestro querido Comandante Hugo Chávez Frías.

El usuario en cuestión lleva por nombre “Chavela Frías”, la supuesta hermana transexual de Chávez. La imagen de perfil utilizada para distinguir el sitio es un muñeco travestido del referido líder revolucionario. Fotos verdaderamente grotescas, protagonizadas por este peculiar personaje, pueden observarse en las distintas publicaciones y álbumes. El autor o autora, cobardemente, permanece en el anonimato.

Десницата – најнекреативниот десничарски сектор – отвори Фејсбук сметка за да се исмејува со, ни помалку ни повеќе, туку нашиот сакан командант Уго Чавез Фријас.

Се работи таканаречениот корисник „Чавела Фријас“, наводната сестра травестит на Чавез. Сликата на профилот која е искористена за да се разликува сајтот е кукла–травестит со ликот на споменатиот револуционерен лидер. Смешните фотографии коишто ги има овој карактеристичен лик може да се видат во различни објави и албуми. Авторот – кукавица останува анонимен.

Tomado del álbum "Todo por la corona" en Facebook de Chavela Frías. El nombre del álbum hace alusión al popular concurso de belleza, Miss Venezuela, que ha sido un símbolo socio-cultural del país por décadas.

Фото: Од албумот на Чавела Фријас „Сите за Круната“ (Името на албумот се однесува на популарниот избор за убавина, Мис Венецуела, кој со децении претставува социо-културен симбол на државата.)

Другите пак, мислат дека куклата е нешто навистина специјално. Еден Фејсбук корисник напиша на ѕидот на Чавела Фријас:

Más allá de todo, creo que el tema de la muy divina Chavela Frias […] va mas allá de un simple insulto, una mofa o una expresión de odio. Todo el sistema propagandístico erigió un ídolo, un icono en torno a un hombre. Tanto que incluso se comercializó un muñeco de acción del supuesto “héroe”. El problema de la creación de iconos, es que son fácilmente desmontables; he allí Chavela como ente disruptivo que permite la transmutación de forma, el desmontaje de un icono a través de la creación de un icono superpuesto y artificial, basado en la antítesis del primero, en la transfiguración de un viril muñeco de acción que alaba la masculinidad y el machocentrismo paternalista venezolano a una muñeca transexual, cosmopolita, delicada, liberada y autónoma.

Над сево ова, јас мислам дека прашањето за прекрасната Чавела Фријас […] оди над обични навреди, исмевање или говор на омраза. Целиот пропагандистички систем издигна идол – бог од маж. До таа мера, што дури направија и кукла од божемниот „херој“. Проблемот со создавањето богови е тоа што лесно се заменуваат; е тука се појавува Чавела како лик кој ја предизвикува структурата, и овозможува замена на бог преку создавање на наметнат и вештачки бог, базиран на антитезата за поранешното преку трансфигурација на машка кукла и совршеното патриотизирање на венецуелскиот мачоизам во травеститска, космополитска, деликатна, слободна и независна кукла.

Lujo

Фото: Од јавниот Фејсбук профил на Чевала Фријас.

Now on Chavela Frías’ profile, not only are photographs of trips or luxury outfits shared, but Chavela Frías also shares campaigns of interest to the transgender community, or thoughts on the political division of Venezuela:

Los venezolanos estamos confundidos, atemorizados, desarraigados, resentidos y desorientados. Nos cuesta discernir lo real de lo imaginario, lo verdadero de lo falso. Nos sentimos como en un “reality show”, donde no sabemos que parte es “reality” y que parte es “show”. Vivimos en una novela cotidiana, donde todos somos “extras” en un guion dirigido por pocos e improvisado a diario de manera demagógica e irresponsable.

Ya no somos “los venezolanos” que otrora trabajábamos unidos por nuestro país.

Венецуелците се збунети, исплашени, откорнати од корен, огорчени и дезориентирани. Тешко ни е да разликуваме што е реално а што измислено, што е вистина а што е лага. Се чувствуваме како да сме во „реално шоу“ во кое не знаеме кој дел е „реално“ а кој “шоу“. Живееме во секојдневна новела каде сите сме „статисти“ во сценарио без режисер, со секојдневно несовесно и неодговорно импровизирање.

Веќе не сме „Венецуелците“ кои некогаш се држеа заедно за својата држава.

Популаризирањето на ликот на Чавела се совпаѓа со различниот регионален напредок во врска со правата и застапувањата на транс заедницата. Како и во многу други земји, травеститите и другите од ЛГБТ заедницата во Венецуела се предмет на малтретирање од страна на социјални и полициски групи. И покрај овие препреки, Чавела продолжува со патувањето и споделувањето фотографии. Со тоа, ликот ја предизвикува конструкцијата на идол кој политички ја оддели Венецуела од светот во раниот 21ви век.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.