
Заливот Ха Лонг — денеска претставува популарно туристичко место и објект на светското наследство на УНЕСКО. Фотографијата е од дигиталната колекција на јавната библиотека на Њујорк. 1900-1909.
На 6 јануари 2016 година јавната библиотека во Њујорк објави, дека повеќе од 180.000 дигитализирани документи ќе станат дел од нејзината колекција од јавен домен. Посетителите на интернет страницата на библиотеката ќе имаат бесплатен пристап до изобилството ретки архивирани материјали. Покрај тоа, библиотеката им нуди на посетителите да ја истражуваат дигиталната колекција, да ги преземаат и употребуваат документите од библиотеката, со цел создавање и распространување на нови материјали без какво било ограничување.
Дел од дигиталната архива се и разгледници од регионот на Азија и Тихи океан, кои прикажуваат сцени од животот на луѓето во тоа време во колонизираните земји. На некои од разгледниците, претставен е Виетнам во времето на француското колонијално владеење на почетокот на 1900-тата година. Разгледниците даваат ретка можност, со сопствени очи да се видат виетнамските пејзажи, локалните традиции, животот и трговијата во колонијалните градски центри. Погледнетете и сами.

Театарот во Ханој, улицата Paul-Bert. Фотографија од дигиталната колекција на јавната библиотека на Њујорк

Фатен во лов и убиен тигар. Фотографија од дигиталната колекција на јавната библиотека на Њујорк. 1909

Запрежна кола на пат во Сајгон. Фотографија од дигиталната колекција на јавната библиотека на Њујорк. 1908

Сајгонскиот оперски театар. Фотографија од дигиталната колекција на јавната библиотека на Њујорк, 1910
![Серебряная колесница чети [прим. переводчика: чети - каста купцов в юго-восточной азии]. Религиозная процессия во Вьетнаме. Фото из цифровой коллекции публичной библиотеки Нью-Йорка](https://globalvoices.org/wp-content/uploads/2016/01/nypl.digitalcollections.c2630359-a065-1508-e040-e00a180613de.001.w.jpg)
Сребрена кочија на чета [заб. на превод: чета – сталеж на купувачи во југоисточна Азија]. Религиозна процесија во Виетнам. Фотографија од дигиталната колекција на јавната библиотека на Њујорк

Пловечки куќи во провинцијата Нам Дин. Фотографија од дигиталната колекција на јавната библиотека на Њујорк

Сплавови во провинцијата Туен Куанг. Фотографија од дигиталната колекција на јавната библиотека на Њујорк, 1900 – 1909
Преведувач: Андреј Солодов