Во Русија првата вистинска затворска казна за „промовирање екстремизам“ на социјалните мрежи

Users charged with spreading extremist materials on the RuNet have previously avoided real prison terms. Images mixed by Tetyana Lokot.

Корисници обвинети за ширење екстремистички материјали на РуНет претходно имаат избегнато реални затворски казни. Фотографија направена од Тетјана Локот.

За првпат, руски суд донесе пресуда со вистинска затворска казна за граѓанин кој промовирал „пропаганда на екстремизам на социјалните мрежи.“ Претходно, слични обвинувања најчесто завршувале со парични казни или суспендирани пресуди.

Интернет корисник во сибирскиот град Сургут е осуден на една година затвор во казнена колонија. Вистинската (не суспендирана) едногодишна казна затвор беше досудена од локален суд откако корисникот беше прогласен за виновен за дистрибуирање „екстремистички материјали“ на социјалните мрежи, според член 282 од рускиот кривичен законик. Според извештаи на медиумите, корисникот, Олег Новоженин, претходно поставувал аудио и видео документи „промовирајќи ја активноста“ на организацијата на украинската националистичка партија „Десен сектор“ (моментално забранета во Русија) и десничарскиот волонтерски баталјон „Азов“.

Ова не е прв случај каде корисници на рускиот интернет се обвинети за криминал поврзан со екстремизам преку нивната онлајн активност. Обвинувања за „намера за екстремизам,” заедно со регулативите во пораст за рестриктивно јавно собирање и протести, се она што има тенденција да ги доведува корисниците во невоља. Ретвит на една фотографија, реобјавен напис од „VKontakte“ и дури и антифашистички цртан филм со Пајо Паторот може да ги чини руските граѓани нивниот непречен пристап до интернетот.

Членот 282 од кривичниот законик претставува прилично нејасна дефиниција за тоа што е „промовирање екстремизам“ и широко се применува како алатка за цензурирање. Заедно со други репресивни закони, ова резултираше во само неколку судски случаи, но во повеќето од нив, судските одлуки завршиле со суспендирани пресуди, административни или парични казни. Сега, одлуката на судот во Сургут го создаде првиот преседан на вистинска затворска казна за онлајн „екстремистички“ активности.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.