Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Ќе започнеме ли со добрите вести?

Silver lining

Велат дека секој облак има надеж. Фотографија на Метју Перкинс на Фликр (CC BY-NC-ND 2.0)

Еве ги добрите вести: Во текот на годините, Глобал Војсес ви донесе безборј приказни за човечката надеж, храброст и креативност од целиот свет. И еве ги лошите вести: Како и другите новински сајтови, често сме виновни за фокусирање на негативностите и можеби ве депримираме. 

Дали се радувате кога го читате Глобал Војсес? Или ве одвраќа навидум бескрајниот тек на приказни за неправда и човечко страдање? Во 2014 планираме да се насочиме кон новинарство придвижено од решенија, и се надеваме дека ќе прикажеме повеќе светлина и човечност отколку темнина и очај. 

Ова не значи дека ќе ги игнорираме лошите работи, како насилство и сиромаштија. Но, сакаме да истакнеме повеќе позитивен развој. Ова не значи дека ќе ги игнорираме лошите работи како насилство или сиромаштија. Но сакаме да истакнеме повеќе позитивни случувања. Впрочем, веќе започнавме да го правиме тоа, со објавување на приказни за добри вести кои никогаш не сте ги слушнале од Јемен, или милиони деца во Банлгадеш кои добија учебници, или како Жителите на Ангола го користат интернетот за да ги зачуваат нивните јазици.

Многу од нашите приказни се концентирани на онлајн општествени движења и мобилизирање на граѓаните за подобрување на нивните општества. Сакаме да ги раскажеме овие вести на начин кој инспирира надеж, отколку што ја прикажува негативната перпектива на вообичаените мејнстрим медиуми. 

За почеток, создадовме нова категорија на Глобал Војсес наречена Добри вести.

На крајт на декември, бевме домаќини на разговор на Лице на Глобал Војсес во врска со оваа идеја меѓу нашиот со-основач Итан Зукерман, нашиот заменик уредник Сахар Х. Гази, уредник за застапување Елери Бидл, и јас. Ова ќе биде долготраен напор за постепено менување на начинот на кој ние раскажуваме приказни заедно со нашите автори и уредници. 

Ја следиме практиката на многу друг веб-локации и новински организации кои се пионери на овој тип на известување под водство на позитивни вести, новинарство придвижено од решенија, конструктивно известување и слично. Дури и Хафингтон пост има категорија за Добри вести (иако веројатно ќе најдете повеќе приказни за слатки миленици отколку што ќе има на Глобал Војсес).

Светот кој сакаме да го искусите на Глобал Војсис е убав. Населен е од храбри и креативни индивидуи кои веруваат во правење на светот на подобро место. Можеби можеме да им влееме чувство на читатателите дека можат да направат нешто што ќе помогне. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.