- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

САД: Во чест на д-р Мартин Лутер Кинг помладиот

Категории: Северна Америка, Супсахарска Африка, Мадагаскар, САД, Владеење, Етничка припадност и раса, Историја, Политика, Човекови права

Мартин Лутер Кинг помладиот [1], роден на 15 јануари 1929г. најверојатно е најпознатиот говорник и поборник на американското движење за човекови права. Во негова чест е прогласен државен празник во САД, кој се одбележува третиот понеделник во јануари секоја година. Денес, голем број блогери во САД пишуваат постови во негово сеќавање, го поврзуваат неговото наследство на социјална праведност со актуелните прашања, покажувајќи му на светот дека и покрај временскиот период од 42 години по неговото убиство, неговите зборови си уште нешто значат.
Color Line е блог кој обработува прашања поврзани со расизмот и застапеноста на етничките групи како и имиграцијата во САД. Блогерот К.Н. прашува [2] колку блиску сме до остварувањето на сонот [3] на Мартин Лутер Кинг помладиот:

Многу Американци мислеа дека изборот на Барак Обама претставува кулминација на сонот на Кинг и конкретен доказ дека сме еволуирале во пост-расно, односно општество кое не познава бои. Но за жал, како што јас и многу други социолози и коментатори расправаа на оваа тема, дури и во изминатава година, бевме сведоци на безброј инциденти [4] коишто покажуваат во колкава мера расните разлики и расизмот се си уште застапени во американското општество.

Следејќи ги расправиите во врска со многубројните примери за постоење на расизмот во САД, блогерот заклучува дека:

На крајот на краиштата, најдобриот начин за остварување на конечниот идеал кој не познава бои е да препознаеме, прифатиме и разбереме дека расните разлики се уште постојат и дека се основа за продолжување на дискриминацијата и нееднаквоста коишто се дел од американското општество до ден-денес. Само доколку го направиме тоа ќе успееме да го оствариме конечниот идеал на д-р Кинг – вистинска расна еднаквост.

Еден од авторите на Global Voices, Лова Ракотомалала, којшто е по потекло од Мадагаскар но живее во САД, напиша пост [5] со наслов: „Лекција од д-р Мартин Лутер Кинг помладиот до Мадагаскар“, ( во врска со минатогодишните настани во Мадагаскар [6] ) во кој зборува дека:

Лидерството е најважно. Вистинските лидери држат говори и секогаш ги исполнуваат. Лидерите не се кријат во засолништа кога се свесни дека работите можат да кренат наопаку и не им дозволуваат на демонстраторите сами да се изложуваат на опасност бранејќи ги своите интереси и ставови.
Единствено што знаеме за сигурно за тоа што всушност се случи во Мадагаскар пред една година е дека лидерството на д-р Кинг многу би помогнало тогаш.

Американскиот блог под наслов Immigration Impact („Влијанието на имиграцијата“) повлече паралели меѓу движењето за човекови права од 1960г. и имиграцијата денес, во кој пишува: [7]

Сега, повеќе од кога било, важно е да се потсетиме на пораката на д-р Кинг која зборува за тоа дека сите луѓе се родени еднакви – не само Хиспаноамериканците и Афроамериканците, туку сите луѓе кои доаѓаат во оваа земја во потрага по „американскиот сон“.

Блогерот со својот блог Preventing Homelessness („Да го спречиме бездомништвото“ ), не потсетува [8] дека почитувањето на Мартин Лутер Кинг помладиот подразбира:

Денес е Денот на Мартин Лутер Кинг помладиот. Ден во кој треба да се потрудиме да ги подобриме нашите животи, да ги премостиме социјалните разлики и да ја приближиме нашата нација до „Сакано општество“ за кое д-р Кинг отсекогаш мечтаел. Денес е ден за работа и тоа не е се. Ќе одлучиме оваа година да биде година за работа и за воведување на вистински промени во нашето општество!

И последниот, но не најмалку важниот, антирасистичкиот блог под наслов „Преглед на расизмот“ кој не тера да размислиме [9]и да ги следиме лекциите на Кинг:

На овој ден, на Денот на Мартин Лутер Кинг, помладиот, се молам и се надевам дека ќе го научиме она што не учеше д-р Кинг. Без оглед на мислењата на мнозинството, прогресивната американска реторика останува милји подалеку од своите дела (погледнете ја брилијантната проповед на Кинг под наслов „Писмото на Пол до американските христијани“) и одговорот не треба да се бара во градуализмот. Само со заедничко дејствување, креативната и постојана граѓанска непослушност и мобилизација на „обоените“ и сиромашните луѓе – за кои кооптирањето и откажувањето не се остварливи опции – се единствените можни начини за постигнување и одржување на вистински и системски промени.