Со се уште активната забрана за апликациите за комуницирање, луѓето од Бангладеш се свртеа кон Тор (и Твитер)

Traffic at downtown Dhaka. Image by Indrajit Ghosh. Copyright Demotix (19/11/2015)

Сообраќај во центарот на Дака. Фотографија на Индраџит Гош. Издавачки права Демотикс (19/11/2015)

На 18 ноември, владата во Бангладеш објави забрана за апликациите и социјалните мрежи за размена на инстант пораки до понатамошно известување — провајдерите ги блокираа „WhatsApp“, „Facebook“, „Messenger“, „Line“, „Tango“ и „Google Hangouts“. Одлуката да се забранат сајтовите дојде веднаш по одлуката на Врховниот суд да се продолжи со смртната казна пресудена против двајцата поранешни опозициски лидери за нивните улоги во Ослободителната војна од 1971 година. Цитирајќи ги „безбедносните причини“ владата се чини дека ги ограничува комуникациите во обид да ги потисне потенцијалните протести кои би произлегле од судската одлука и закажаното егзекутирање на двајцата мажи. Во меѓувреме, забраната доведе до некои интересни развои на користењете на социјалните мрежи и сигурните комуникациски алатки во Бангладеш.

Денот кога забраната за размена на пораки преку социјалните мрежи беше воведена, она што министерот за Пошти и телекомуникации Тарана Халим го опиша како „недоразбирање“ доведе до целосно блокирање на интернетот во Бангладеш во времетраење од 90 минути, одбележувајќи го првиот пат како интернетот е блокиран во оваа држава. Се чини дека директивата да се блокираат социјалните мрежи за размена на пораки била помешана со тоа да се блокира целиот интернет.

Лутите корисниците реагираа:

Некои интернет-провајдери го забранија „https“ пристапот во Бангладеш за да го блокираат Фејсбук. Резултатот е очигледен! #Stupid101

— Мунир Хасан (@AAMunirHasan) 19 ноември, 2015

Дали владата на #Bangladesh / BTRC го блокираше и Инстаграм? Се обидувам да не се насмеам. Таков дигитален Бангладеш… толку многу цензура.

— Сидрат Џ (@SidratJ) 18 ноември, 2015

Блокирањето на #SocialMedia (социјалните мрежи) за време на немири е доста опасно. Нема добра причина за #Bangladesh да ги блокира истите во име на ‘безбедноста’

— Мохамад Таухид (@mttwit) 23 ноември, 2015

Владата објави неколку предупредувања дека тие се подготвени да се симнат до нивото на блокирање на одредени сајтови една недела претходно, кога премиерот Шеик Хасина објави дека популарните апликации за размена на пораки „WhatsApp“ и „Viber“ ќе бидат времено забранети „доколку има потреба, со цел да се попречат милитантите и да се нарушат терористичките активности во државата”, според Дака Трибјун.

Па, што се случи откако овие сајтови беа блокирани?

Се повеќе жители на Бангладеш го користат Тор прелистувачот или апликации за енкрипција на пораките како Сигнал. Водачи за користење на овие алатки на бангладешки редовно кружат на Твитер.

Како да користите Фејсбук во Бангладеш преку Впн https://t.co/vIOKtAnpHQ виа @YouTube

— г-дин танвер (@mr_tanver) 22 ноември, 2015

Исто така, се појавија некои неочекувани застапници на сервисите за безбедна размена на пораки, вклучувајќи ги „bdnews24“, кои го препорачаа безбедниот анонимен прелистувач Тор на нивните 110,000 следбеници:

Да ја избегнете #Bangladesh владината забрана на алатки од соц.мрежи како #Facebook симнете го Тор: https://t.co/TmEbNGHBeQ pic.twitter.com/ChTx6iXuMk

— Бангладеш Вести 24 (@bdnews24) 18 ноември, 2015

Се чини дека луѓето ги послушаа. Од страницата за метрики на Тор бројот на корисниците од Бангладеш нагло се зголеми по забраната, од околу 2000 до 12000 корисници во само неколку денови:

Дури и владејачката партија во владата се чини дека користи алтернативни технологии со цел да го оддржат нивното онлајн присуство. И покрај тоа што тие се оние кои ја донесоа забраната, официјалната страница на владејачката партија Лигата Авами редовно се ажурира:

Screen shot

Скриншот од официјалната страница на Лигата Авами.

Минатата сабота, министерката Тарана Халим ги повика корисниците да издржат со времената забрана поради нивната држава, аргументирајќи дека овој потег ќе осигура долготрајна безбедност. Таа исто така го бранеше овој избор, велејќи:

Владата го блокираше Фејсбук и онлајн сервисот за размена на инстант-пораки „WhatsApp“ и „Viber“ до понатамошно известување за безбедносната состојба. Државните власти ги мониторираат оние кои ги користат истите на алтернативни начини.

Донекаде неверојатно, дури и министерот за ИКТ, Зунаид Ахмед Палак, ја ажурираше неговата страница за време на забраната со овој пост за Дигитален Бангладеш.

Screenshot from the ICT Ministers page

Скриншот од страницата на ИКТ министрите

Дискусија за „Татја Апа” – проект за еманципација на жените преку ИКТ да го изградат Дигиталниот Бангладеш. Линија за помош 10922.

Според тоа не е јасно дали владата го блокираше порталот Фејсбук или ја забрани употребата на Фејсбук целосно.

Во Твитер анкета, корисниците ги даваа своите мислења:

Дали #Bangladesh забраната на #Facebook и другите алатки на социјалните мрежи влијаат на [sic] социјалниот и бизнис живот?

— Бангладеш Вести 24 (@bdnews24) 21 ноември, 2015

Двете егзекуции се случија неделата вечер, сепак забраната се чини е се уште активна. Ќе видиме колку долго ова ќе трае. Владата веќе тврди дека не дошло до несакани инциденти поради оневозможувањето на социјалните мрежи. Сепак, доколку забраната продолжи, тоа ќе го успори економскиот развој во земјата, рекоа критичарите.

Доколку постои сребрена нишка која можеме да ја видиме од ова грозоморно злоупотребување на власта, можеби тоа е што се повеќе луѓе ќе користат енкриптирани и сигурни технологии за да комуницираат — оние за кои е многу потешко владата да ги згасне.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.