Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

По заложничката криза, Мали ги прославува своите херои и се враќа на работа

Touriste protégé par les forces maliennes par Pablo Esquer CC BY 40

Турист заштитен од силите на Мали, од Пабло Ексуер CC BY 40

Вооружени луѓе нападнаа хотел во Бамако и земаа 170 луѓе за заложници минатиот петок, 20 ноември. Според последните пребројувања, најмалку 21 од гостите и персоналот се мртви, како и најмалку тројца од напаѓачите. Според извештаите, првите истрели биле слушнати околу 7 часот утрината во хотелот Радисон Блу, кога напаѓачите го пробиле безбедносниот систем на овој објект. Непосредно потоа, војници на Мали, помогнати од сили на Минусма (ОН) и француските „GIGN“ (Државна полициска интервенциска група), извршиле брз упад во објектот за ослободување на заложниците, убивајќи ги сите напаѓачи. Истрагата е во тек за откривање на идентитетите на напаѓачите.

Мали објави вонредна состојба, додека групата Aл-Моурабитон—сојузник на Ал-Каеда—презедоа одговорност за нападот. Нападите во Мали доаѓаат една недела по смртоносните напади во Париз од страна на ИСИС (или Даеш на арапски), кои оставија 130 мртви и повеќе од 350 повредени.

Заложници во шок

Un soldat malien porte un otage lors des attaques à Bamako via Mohamed Mamouny on Facebook with permission

Војник на Мали носи заложник на грб за време на нападите во Бамако. Фотографија на Мохамед Мамоуни / фејсбук. Искористено со дозвола.

Заложничката ситуација во Мали заврши доцна во денот, по опсада која траеше неколку часа.

Али Јазбек, пекар во хотелот, беше повреден од два куршума—првиот во вратот, а вториот во грбот. На болничкиот кревет, откако беше спасен, тој опиша како е да се биде заложник: откако еден од напаѓачите кој носел турбан пукал во него, тој се засолнил во канцеларија, каде сретнал две келнерки:

Il nous a retrouvés et a tiré sur Awa, qui a été tuée, et sur Sarah, qui a été blessée. Il n’a rien dit, mais après il est reparti dans la cuisine, où il a pris un morceau de viande, qu’il s’est fait griller avant d’ouvrir le gaz dans toute la cuisine

Тој не пронајде и пукаше во Ава, која ја уби, и Сара, која остана повредена. Тој не рече ништо, но потоа се врати во кујната, каде зема парче месо и си го подготви на скара пред да го пушти целиот плин во кујната.

Баида и Пенда Цизе имаат штанд за продавање цигари на аголот на улицата која е спроти влезот на Радисон. Баида ја даде оваа верзија од настаните:

Un homme, teint noir, en tenue militaire, tire sur les gardes de l’hôtel. Quand j’ai vu un premier garde, puis un second à terre, je suis parti me mettre à l’abri.

Маж со темен тем облечен во војничка униформа отвори оган врз чуварите на хотелот. Кога го видов првиот чувар, а потоа и вториот, како паднаа на земја, се засолнив.

Други сведочења за настанот раскажуваат за трупови насекаде низ просторот на хотелот:

Храбри дела

Во екстремно тензична ситуација, неколку храбри дела и ладно расудување помогнаа во превенирањето на дополнителни човечки жртви, како што е илустрирано од мирното водство на главниот батлер на хотелот, Тамба Диара.

Tamba Diarra Maitre d'hotel du Radisson Hotel à Bamako.

Тамба Диара главниот батлер во хотелот Радисон во Бамако. Скриншот од видео на очевидец. Јутјуб

Тамба Диара го опиша неговото искуство за време на нападите, објаснувајќи што направил за да ги заштити животите на заложниците:

J'ai rencontré un des jihadistes, raconte le maître d'hôtel d'une voix posée, mais hésitante. Il avait un képi, une chemise à manches longues bleue, un pantalon bleu. Il a posé son képi sur le bar, puis il m'a poussé en tirant partout. Pour intervenir efficacement dans le bâtiment, les forces d'intervention ont besoin de connaître la configuration des lieux. Je les guide  porte par porte, couloir par couloir, étage par étage, afin qu'on puisse libérer tout le monde. Quand un client appelait de sa chambre, on lui donnait le mot de passe “Tamba”. Quand on avait un appel, je disais aux militaires : “Allez à tel étage, dites au client “Tamba”, et là le client sort.

Сретнав еден од џихадистите […]. Тој носеше кепи (капче), сина кошула со долги ракави, [и] сини пантолони. Го стави неговото кепи на шанкот и ме оттурна, пукајќи насекаде. За да се овозможи ефективен одговор во објектот, силите што интервенираа мораа да го знаат распоредот на хотелот. Јас ги водев, од врата до врата, ходник по ходник, кат по кат, така што сите заложници би можеле да бидат ослободени. Кога гостите ќе се јавеа од собите, им беше давана лозинката „Тамба”. Кога ќе дојдеше повик, јас им кажував на војниците: „Одете на тој-и-тој кат, кажете го зборот ‘Тамба’ на клиентот, и тогаш гостите ќе излезат”.

Специјалните единици на Мали исто така одговорија со ефикасност достојна за пофалба, демонстрирајќи голема професионалност и успевајќи да ги спасат животите на речиси сите заложници. На интернет, фотографија на еден војник на Мали како носи на безбедно заложник на својот грб стана вирална сензација. Пишувајќи на Фејсбук, Боукари Конате во Бамако го сподели неговото восхитување од таквиот хероизам:

Soldat Malien portant otage sur son dos - via Mohamed Mamouny avec son autorisation

Војник на Мали носи заложник за својот грб. Фотографија: Мохамед Мамоуни. Искористено со дозвола.

Que le monsieur au dos m'excuse, mais je veux juste exprimer ici, mon admiration pour ce militaire malien qui fait non seulement la tache pour laquelle il s'est engagé dans l'armée, mais aussi un acte d'humanisme, de solidarité…. Les mots me manquent

Со извинување кон господинот кого го носат, но јас само сакам да ја изразам мојот восхитеност од овој војник на Мали кој ја изврши не само задачата поради која се пријавил во војската, туку и чин на хуманост и солидарност…. Останав без зборови.

Повеќето луѓе во Мали веќе се вратија на нивните вообичаени економски активности, игнорирајќи го ризикот од нови екстремистички напади и државната вонредна состојба (која е се уште на сила). Во видеото што следи, г-ѓа Џеро, продавачка на риба, објаснува зошто нападите нема да влијаат на нејзиниот секојдневен живот:

Le Mali est un pays pauvre. Si on s’arrête de travailler, même un seul jour, on ne peut pas vivre. L'attaque nous a choqué au plus haut point mais il faut continuer à vivre.

Мали е сиромашна земја. Ако престанеме да работиме – макар и само еден ден — немаме од што да живееме. Ние сме длабоко шокирани од нападот, но мораме да продолжиме да живееме.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.