- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ако сакате да дознаете што мислат #1од5Муслимани, не го прашувајте британскиот весник „The Sun“

Категории: Западна Европа, Велика Британија, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Медиуми и новинарство, Политика, Хумор, Човекови права
Screenshot: The UK's Independent Press Standards received 450 complaints about the front page of The Sun.

Скриншот: Британската независна организација за стандарди во медиумите доби 450 поплаки за првата страна на весникот „The Sun“.

Британскиот таблоид „The Sun“ се соочува со огромна негативна реакција по објавувањето на сторијата на насловната страница на весникот со сомнително тврдење дека „1 од 5 британски муслимани’ имаат симпатија кон џихадистите [1]“ во време кога исламофобијата е во пораст во Обединетото Кралство. Засега, објавата предизвика рекорден број од 450 поплаки [2] испратени до Британската организација за стандарди во медиумите и популарен хаштаг, #1во5Муслимани, исмевајќи се со исламофобијата на весникот.

Од вкупното британско население од 64 милиони граѓани, околу 5% [3] се муслимани. Таблоидот дошол до ова неверојатно тврдење по телефонска анкета на 1,003 муслимани спроведена од анкетната компанија „Survation“, во која учесниците биле замолени да одберат [4] од листа на изјави (кои не вклучуваат „џихадисти”, иако овој збор се појавува на насловната страна на весникот).

Вкупно 71% одговориле дека тие „немаат симпатии кон младите муслимани кои го напуштаат Обединетото Кралство за приклучување на борците во Сирија”, и 9% рекле дека не знаат. Освен тоа, 15% рекле дека „имаат одредени симпатии кон младите муслимани кои го напуштаат Обединетото Кралство за приклучување на борците во Сирија” и 5% изјавиле дека имаат „големи симпатии кон младите муслимани кои го напуштаат Обединетото Кралство за приклучување на борците во Сирија.”

„The Sun“, кој е весникот со најголема дневна циркулација во Велика Британија, ги додал двете последни групи заедно за да дојдат до 20%, или 1 од 5.

Но многумина, вклучувајќи медиумски работници и муслимански лидери, аргументираа [5] дека користењето на терминот „симпатија” е нејасно. Не е јасно и за кои „борци во Сирија” се зборува — оние кои се борат за ИСИС, познати и како Даеш, оние кои се борат против ИСИС, или оние кои се борат против режимот на претседателот Башар ал-Асад.

Други критики беа упатени и на методологијата [6] на „Survation“, која вклучувала вртење на телефонските броеви на луѓе со „муслимански презимиња”, и недостатокот на контролна група да се види како луѓето од други вери одговориле на истите прашања. „The Sun“ првично пристапиле кон друга анкетна компанија, кои одбиле да ја спроведат анкетата бидејќи, според британскиот Гардијан, „не можеме да бидеме сигурни дека прецизно ќе ја претстави британската муслиманска заедница во временската рамка и буџетот определени од весникот.”

Малку хумор за борба против исламофобијата

Исламофобијата е во пораст во Велика Британија. Според последните бројки, има 300 процентно [7] зголемување на злосторствата од омраза и исламофобија во неделата по нападите во Париз. Овие бројки беа објавени од Tell Mama Helpline (Тел Мама Хелплајн) [8], организација која ги мери антимуслиманските напади, и вербални и физичи, низ целата држава. Според извештајот, кој беше подготвен за владината работна група за антимуслиманска омраза:

Повеќете жртви на злосторства од омраза во Велика Британија биле муслимански девојки и жени на возраст од 14 до 45 години во традиционални исламски облеки. Злосторниците главно биле бели мажи на возраст од 15 до 35 […] пријавените напади биле на јавни места, вклучително автобуси и возови. Трисет и четири жртви биле жени кои носеле хиџаб, додека осум вклучувале мали деца.

Во меѓувреме, корисниците на Твитер низ целиот свет се исмеваа со насловната страница и сторија на „The Sun“ користејќи го хаштагот #1од5Муслимани и нудеа сомнителни, но многу посмешни тврдења за муслиманите.

#1од5Муслимани [9] е во брак со нивен братучед. Другите четворица многу се трудат да го сторат истото.

— Самад Курам (@SamadK) 24 ноември, 2015 [10]

#1од5Муслимани [9] одат во џамија само за Рамазан. Да се социјализираат и да добијат бесплатен оброк.

— Хајдер ал-Коеи (@Hayder_alKhoei) 24 ноември, 2015 [11]

#1од5Муслимани [9] се Французи… ако дадат гол. Ако не, тие се Арапи. pic.twitter.com/YY4h7CYbOG [12]

— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015 [13]

#1од5Муслимани [9] ја освоиле Нобеловата награда пред да можат да се запишат на колеџ pic.twitter.com/5YSU50ZOIF [14]

— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015 [15]

#1од5Муслимани [9] веројатно го користат ова на работа. Особено во #Дубаи [16] pic.twitter.com/FJO6nrhJW6 [17]

— Ентони Пермал (@anthonypermal) 24 ноември, 2015 [18]

#1од5Муслимани [9] имаат односи, пијат алкохол, пушат марихуана, но не би се доближиле до чипс со вкус на сланина бидејќи тоа е харам братче…

— Маз Бонафиде (@MazBONAFIDE) 24 ноември, 2015 [19]

#1од5Муслимани [9] се омилената тинејџерска симпатија на вашата ќерка pic.twitter.com/8WU0nEY17L [20]

— Калед Беј (@KhaledBeydoun) 24 ноември, 2015 [21]

#1од5Муслимани [9] имаат тајно милениче кое изгледа вака. pic.twitter.com/h7lsH2uXoi [22]

— Муслимерикан (@FaheemYounus) 23 ноември, 2015 [23]

Се чини дека корисниците уживаа во овие хумористични одговори:

Го обожавам начинот на кој „twitterati“ (твитерџиите) почнаа да одговараат на навредувачките факти многу подобро од тролање или навреди #1од5Муслимани [9]

— Рана Сафви رعنا राना (@iamrana) 24 ноември, 2015 [24]