- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Блогери на Глобал Војсис стануваат ментори на млади активисти од 10 земји

Категории: Латинска Америка, Супсахарска Африка, Австрија, Бангладеш, Бразил, Гамбија, Јужна Африка, Камбоџа, Кенија, Непал, Нигерија, Пакистан, Србија, Танзанија, Уганда, Шпанија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Животна средина, Младина, Развој
A group photo of the Blogger Swarm [1]

Членовите на новата „колонија на блогери“ Активиста (на оваа фотографија) ќе работат со ментор од Глобал Војсис

Денес, ги објавуваме имињата на 10те блогери од Глобал Војсис и оние на 11те активисти кои ќе работат заедно во следните месеци во рамките на иницијативата за менторство развиена од страна на Глобал Војсис и Активиста [2], мрежата на млади од меѓународната организација за развој ActionAid [3].

Активиста одбра активисти од 10 земји од пет континенти за да учествуваат во „колонија на блогери“, кои ќе објавуваат постови на интернет страницата на Активиста во текот на следните 12 месеци. Нивна цел е да ги поттикнат младите ширум светот да се вклучат во дебати поврзани со развојот, и особено во дебати кои се однесуваат на безбедноста на храната и климатската правда.

Новите блогери штотуку завршија интензивна работилница во Танзанија, кадешто беа обучени по новинарство и технологија, како и видео продукција.

Пред две години, 31 блогер од Глобал Војсис беа ментори на учесниците на една друга работилница организирана од страна на ActionAid [4] во Данска. Еден поранешен ментор, Каспер Кнудсен, во моментов е еден од организаторите на новата верзија на „колонија на блогери“.

Се надеваме дека менторите  ќе го понудат своето пријателство, техничка поддршка и фидбек, придружувајќи ги новите блогери во откривањето на онлајн светот.

Без натамошно одложување, еве ја листата на 10те нови ментори и 11те стажанти кои ќе бидат подучувани:

Ментори од Глобал Војсис  | Практиканти од Активиста 

Среќно на сите!