Хаити: Пред една година… Ние се сеќаваме

Денес се одбележува една година од ужасниот земјотрес кој ги погоди Хаити. Хаитските блогери се сеќаваат…

Лајвсеј Хаити Веблог пишува:

На 12.1.2010 во 16:53 видикот на Хаити беше изменет засекогаш.

И покрај големата мака и загуба, срцето и душата на луѓето издржуваат.

Денес целата држава застана за да се сети на тие што ги загубија. Ве молам молете се за нив и со нив.

Исто така блогот се навраќа на коментари кои беа напишани набргу по судбоносниот ден, додавајќи:

Нема ни една недела во нашите изминати 38 години, толку живописна и јасна во нашето сеќавање, како таа недела, пред една година. Многу е тешко да ја замислиме и прифатиме големината на страдањето кое што траеше со часови во деновите по земјотресот.

Гробиштата во Петионвил. Слика од caribbeanfreephoto, користена под Криејтив Комонс лиценца

Блогот на Карлито објави слика која „сигурно денес сте ја видовте речиси насекаде на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, ББм)“, објаснувајќи:

Доцна вчера, додека размислував како да ја одбележам годишнината од уништувачкиот земјотрес во Хаити, ми дојде на памет дека не треба да сторам многу, само треба да се однесувам како преживеан, па ја создадов симболично оваа мала слика.

Ние не треба да бидеме таму само да кажеме приказна, приказната, нашата приказна како што ја паметиме да им ја пренесеме на нашите деца и внуци, но и исто така да помогнеме при градењето на подобра и побезбедна иднина за нив. Ние треба да се однесуваме како преживеани секој ден, со што секој чекор што го правиме напред во овој живот да биде одраз на нашата благодарност за благословот што ни го дал Господ секој ден од тој ден. Ништо не е поголемо од подарување живот.

Блогот исто така објави реакции од членовите на хаитската дијаспора, еве:

Сите овие состојби беа очајни, но оној што навистина ми кажа што се случило е J'esus men on tremblement de terre touye tout moun nan peyim la.’ БЕВ ШОКИРАН…..

Се сеќавам…
Врескав во куќата и мојата тетка излезе да ме види, откако и кажав за трагедијата не се сеќавам точно на редоследот на нештата кои што се случија, но се сеќавам дека се обидував да им се јавам на моите родители во Хаити, но не добив одговор и знам дека го пуштивме телевизорот и сигурен сум дека тогаш го видов она што го пренесува Карел со солзи во очите, да го слушаш неговиот очаен глас, беше болно…

Се сеќавам…
Пред две недели, заминав дома да видам што остана од мојот роден град. Тоа беше за време на празниците кои воопшто не беа свети, ни среќни. Со она што земјотресот им остави на Хаити, ние жителите на Хаити не можевме да славиме. Она што го видов во очите на брат ми, додека поминував низ Порт Ау Принц, беше мешавина од очај, страв, страдање, мизерија, болка, омраза, рамнодушност, но пред сè очекување да дојдат подобри денови… Една година подоцна, има сè уште многу урнатини, луѓе кои живеат сè уште во шатори во овие кампови за жртви/бегалци, луѓе сè уште крадат, жените се сè уште силувани, насилството не е сопрено и колерата зема уште жртви.. можеби тоа е поради тоа дека јас сум странец кој не забележува дека се направени некакви промени, но ако ги споредам со оние слики што ги добив пред една година, покрај мртвите тела и неколку отстранети урнатини, останатото е исто… ГОЛЕМАТА РАБОТА НЕ Е СÈУШТЕ ЗАВРШЕНА..

Националната палата. Слика од caribbeanfreephoto, користена под Криејтив Комонс лиценца

На Твитер, таговите за годишнината од земјотресот се #remember #Haiti – и корисниците на Твитер ја употребуваат платформата за микро-блогирање да го сторат тоа:

@SophieChavanel: Луѓе собрани пред Националната палата #haiti #remember http://yfrog.com/gzzfjmj

@SophieChavanel: Луѓе се собираат насекаде во ПАП да ја одбележат тажната годишнина #haiti #remember http://yfrog.com/h5asqevj

@JAMGAL2010: Денес пред една година…. ужасна трагедија ги потресе животите на луѓето #Haiti #remember http://bit.ly/bvYqP8

@chadcat: за сите оние кои ги изгубија своите животи, за сите оние кои го осетија и сè уште имаат последици од него и за сите оние кои што помогнаа #remember #Haiti

Гробиштата во Петионвил. Слика од caribbeanfreephoto, користена под Криејтив Комонс лиценца

Блогот Аперент проџект пишува:

Изминативе денови беше тешко. Посакувам некако календарот да не е цикличен, бидејќи не сум баш подготвен да се присетам што се случи пред една година. Вечера ме застана една жена. Не ја препознав сè додека не ми ја покажа лузната на нејзиниот зглоб. Ми се заблагодаруваше што таа сè уште ја има својата нога. Сега се сетив. Тоа беше жената што ја носевме заедно со Џоселин од ридот, преку врвот на искршениот покрив и се грижев за неа во мојот двор речиси една недела, чистејќи и обвивајќи ги нејзините рани додека да пристигне помош.

Размислувам на многумина и се прашувам како се и каков вид на емоционални лузни носат со себе наоколу. Вчера се обидував да замислам што би правел јас на тој ден. Чув дека го реконструирале Железниот пазар и го отвориле вчера. Одев таму да земам монистра кога требаше да започне нашата програма за накит. Тоа место е од посебно значење за мене и плачев кога ги видов убавите историски продавници срамнети до земја од земјотресот. Сметам дека доколку ги видам обновени тоа би било момент на среќа за мене. Една работа што е поправена. Една работа што е поправена и повторно отворена.

Во меѓувреме, @RAMHaiti објави неколку твитови во врска со инаугурацијата за повторна изградбата на Железниот пазар:

!!!ВАУ !!! Новиот Железен пазар!! Ти благодарам Денис О’ Брајн и #Digicel http://twitpic.com/3p5nau


Ги слушнав полициските сирени. Претседателот Клинтон пристигнува на инаугурацијата за Железниот пазар на Порт ау Принс #Haiti

…и неколку за драстичниот контраст помеѓу новиот објект и останатите во главниот град:

Возејќи по Порт ау Принс. Не можам да препознам каде сум…#Haiti #EarthQuake

Поглед зад новиот Железен пазар… Многу работа зад нас… Порт ау Принс #Haiti #EarthQuake http://twitpic.com/3p65oy

Шаторски град, Жувант. Слика од caribbeanfreephoto, користена под Криејтив Комонс лиценца

Денес, без разлика дали тоа беше преку твит коментари, поезија или предлози за на кој начин побрзо би се движеле напред, без сомневање оваа тажна годишнина беше топ тема на регионалната блогосфера. Можеби Шели Клеј го сумира ова најдобро- денес е важно да запаметиме бидејќи се работи за луѓето од Хаити:

Денес е 12ти Јануари. Денес, бебе доаѓа на свет. Денес земјата е на нејзините колена. Цел ден ќе го посветам чекајќи ги вестите да видам дали е момче или девојче, најверојатно ќе се симнам долу да го видам убавиот Железен пазар, најверојатно ќе плачам малку, ќе ги изгушкам најмногу своите деца и ќе се присетам што се случи пред една година. Господ да ги благослови Хаити оваа година!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.