Голема кино компанија во Кувајт објави дека ќе воведе десетминутна пауза во својот дневен распоред за да им овозможи на верниците да ги изведат своите магреб [1] молитви. Објавата предизвика различни реакции на Твитер.
Во својата објава, Синескејп (CinescapeQ8) [2] вели:
Пауза од 10 минути ќе започне во 360 за време на магреб молитвите
360 е еден од поновите трговски центри во Кувајт.
Објавата предизвика многу расправии на интернет.
ilsul6ana [3] ја поздрави идејата:
Синескејп 360 сега ќе има десетминутна пауза за време на прикажувањето поради магреб молитвите.
Ишала (По Божја волја) следат сите молитви.
avenuesq8 [4], од друга страна, не го одобрува воведувањето на пауза од 10 минути во распоредот:
Од каде дојде сета оваа религија?? Не ни помислувате на религија кога си играте со цените и манипулирате со луѓето, а? Сега сакате да бидете светци и да ги кратите филмовите за магреб молитви? Зошто не и за пладневни молитви?!
Заземајќи сличен став, danderma [5]прашува:
Во ред. Ова е бесмислено. Ајде да замислиме како ќе изгледа ова, може?
Значи доаѓаме до средината на филмот во 360. Луѓето се внесени во заплетот. Наеднаш, екранот се затемнува, светлата се палат и време е за гледачите да се помолат?!
Сериозно? Па, колку гледачи, всушност би се молеле?
И Hilaliya [6] се вклучува во разговорот на Твитер и забележува:
Синескејп, не се обидувајте да им се додворувате на фундаменталистите. Ако ги прашувате нив, вие воопшто не би постоле.