Кувајт: Јади, гледај и моли се

Голема кино компанија во Кувајт објави дека ќе воведе десетминутна пауза во својот дневен распоред за да им овозможи на верниците да ги изведат своите магреб молитви. Објавата предизвика различни реакции на Твитер.

Во својата објава, Синескејп (CinescapeQ8) вели:

Пауза од 10 минути ќе започне во 360 за време на магреб молитвите

360 е еден од поновите трговски центри во Кувајт.

Објавата предизвика многу расправии на интернет.

ilsul6ana ја поздрави идејата:

Синескејп 360 сега ќе има десетминутна пауза за време на прикажувањето поради магреб молитвите.
Ишала (По Божја волја) следат сите молитви.

avenuesq8, од друга страна, не го одобрува воведувањето на пауза од 10 минути во распоредот:

Од каде дојде сета оваа религија?? Не ни помислувате на религија кога си играте со цените и манипулирате со луѓето, а? Сега сакате да бидете светци и да ги кратите филмовите за магреб молитви? Зошто не и за пладневни молитви?!

Заземајќи сличен став, danderma прашува:

Во ред. Ова е бесмислено. Ајде да замислиме како ќе изгледа ова, може?

Значи доаѓаме до средината на филмот во 360. Луѓето се внесени во заплетот. Наеднаш, екранот се затемнува, светлата се палат и време е за гледачите да се помолат?!

Сериозно? Па, колку гледачи, всушност би се молеле?

И Hilaliya се вклучува во разговорот на Твитер и забележува:

Синескејп, не се обидувајте да им се додворувате на фундаменталистите. Ако ги прашувате нив, вие воопшто не би постоле.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.