САД Девствените острови: Последиците од ураганот Ерл

Ураганот Ерл вчера се проби  низ Девствените острови во САД додека блогерите постојано ги споделуваa своите мислења и искуства. Блогерката од дијаспората на Јамајка, Labrish, којашто „имала среќа да патува на овие острови неколку пати“, беше загрижена за своите познаници таму:

Моите мисли се со секој што живее на островите со надеж дека Ерл ќе ве поштеди од преголема штета и дека Фиона, која брзо ги следи трагите на Ерл, ќе ве заобиколи.

Таа можеби има добра причина да биде загрижена: My Barbados Blog, поставувајќи линк до фотографија на Твитер од Ерл, направена од астронаутот на НАСА, Даглас Х. Вилок, забележува дека Ерл веќе достигнал статус од четврта категорија и отворено коментира:

Тоа е ѕвер!

Повремените ажурирања на Вестите од Сент Џон беа од помош (иако блогерката смета дека Федералната служба за справување со итни случаи на островите би можела повеќе да помогне), а пак, StormCarib.com обезбеди уште повеќе информации, бидејќи го објави „она што го изјавуваат неколку луѓе кои се таму, од нивна гледна точка“. Објавата на страницата во околу 3:30 часот попладне гласи:

Ова се последните вести од неколкуте луѓе на источната страна на Сент Џон, Девствените острови (САД) – има неколку паднати гранки, но забележана е многу мала штета додека поминува ураганот Ерл. Пријавени се налети на ветар од околу 40 mphs, и тековен, но краток дожд. Електричната енергија се исклучува и се вклучува, во моментов главно е исклучена. Интернетот е нестабилен, ако воопшто го има.

Поради јачината на бурата и прогнозите, ќе биде интересно да се види што ќе донесат, ако ништо друго, следните неколку часа.

Следните неколку часа донесоа подобри вести од очекуваните. Освен однесен трансформатор и силен ветар со измерена сила од 110 mph, не била пријавена поголема штета. Работите набргу почнаа да стивнуваат:

Со сите што контактирав сеуште имаат телефонска линија, што е одлична вест. Ако слушнам нешто важно, ќе пренесам. Благодарни сме што нашите пријатели се спасија.

За жал, блогот подоцна сепак доби извештај за штетата:

Сестра ми и зет ми живеат на Сент Џон… само што зборував со неа по телефон. Таа ми кажа дека работите навистина се влошиле по девет часот минатата вечер. Една куќа останала без покрив, врнело многу дожд. Струјата им била исклучена во ноќните часови. Паднато дрво ја прекинало линијата до нивната куќа, WAPA (Управата за електрична енергија во Западната област) изјавиле дека тоа уште истото утро ќе биде средено, но ветриштата се сèуште премногу силни.

Live De Life, исто така, даде интересен опис за тоа каква била бурата:

Ние сме сеуште овде, не сме одвеани…. најсилната бура помина околу 3 часот попладнето и ветрот и дождот едноставно запреа. Џеј истрча долу до патот и донесе еден наш пријател којшто беше со чамец за да остане со нас. Тој рече дека видел неколку паднати дрвја и лабави гранки, течела вода по улиците, но генерално не било лошо.

Околу 6 часот попладне ветрот и дождот повторно се појавија и тоа посилно отколку во текот на целиот ден. Бурата доаѓаше од запад и југозапад и носеше сѐ со себе. Беше прилично лошо. Но, сега во 9 часот навечер не е толку лошо. Сеуште врне и се слуша ветрот како дува, но не е многу бурно.

Во последната објава на блогот (утрово), Деб и Џеј напишале:

Па, доста добро поминавме со Ерл… морето се смири, но водата има чудна боја. Претпоставувам бидејќи е заматена. Сеуште дува малку ветар, но драстично е смирено во последниов час. Генерално, сè е во ред 🙂

Останува уште да се види дали Порторико и Соединетите Американски Држави напредуваат добро.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.