Global Voices Online е номиниран за награда „Предводник на промени“

Global Voices Online неодамна беше номинир како финалист за избор на заедницата за наградата „Предводник на промени“ 2010 на We Media (Ние медиуми). GVO се приклучува на листа од индивидуалци, проекти и организации кои беа номинирани од глобалната заедница на We Media.

Според We Media:

Предводниците на промени го придвижуваат општеството кон знаење. Тие поттикнуваат вклученост и акција преку медиуми и ние ги славиме нивните достигнувања на We Media Miami (Ние медиуми Мајами), годишна конференција каде нивните приказни стануваат програмата. Тие прикажуваат примери, опсервации и инспирации за лидерите и визионерите од сите полиња со демонстрирање на правилно управување и водење на поврзаното општество.

Индивидуата или организацијата која ќе добие најмногу гласови до завршување на гласањето ќе одржи воведен говор на годишната We Media конференција, која ќе се одржи во Универзитетот на Мајами од 9 до 11 март, 2010 година. Исто така на сите номинирани ќе им се одаде признание на настанот.

За да го поддржите Global Voices Online како предводник на промени 2010 на We Media, Ве молиме гласајте на овој линк. Гласањето завршува 23:59 часот по источно стандардно време (Eastern Standard Time, EST) на 3 февруари, 2010.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.