Кога сте жена без партнер во Емиратите, но сè уште сакате дете

Ayesha Albusmait, and her daughter, Reem Abdullah Rashid. Albusmait is one of the small, but growing number of single Emirati woman choosing to adopt. Credit: Amanda Fisher. Used with PRI's permission.

Ајеша Албусмаит и нејзината ќерка, Рим Абдула Рашид. Албусмаит е една од малата, но растечка група на емиратски жени без партнери кои одбираат да посвојат. Извор: Аманда Фишер. Искористено со дозвола од PRI.

Овој напис и радио извештај на Аманда Фишер за Светот првично се појави на PRI.org на 6 ноември 2015 и е реобјавен тука како дел од договор за споделување содржини.

Во просторна вила до едно делче во Дубаи, Рим Абдула Рашид си игра задоволно во малечко шаторче. Таа има пет години.

„Ова е мојот таен шатор. Можеш сè да и шепнеш на мама на увце — ова е таен шатор,” објаснува таа, како што јас се обидував да се протнам низ малиот отвор внатре.

Токму во овој шатор мајката на Рим, Ајеша Албусмаит, и кажала на нејзината ќерка за нивното нетрадиционално семејство.

„Забележав од Европјаните и [детските] приказни дека шаторите секогаш се користат за тајни, па ја зграбив шансата,” вели Албусмаит.

Таа и рекла на нејзината ќерка дека има две тајни — првата е дека ја сака, и втората: „Јас те добив од моето срце, не од мешето.”

Албусмаит, 49, е на чело на малата, но растечка бројка на професионални жени без партнер од Емиратите кои одбираат да посвојат. Властите за развој на заедниците на Дубаи имаат листа на чекање за посвојување од околу 50 можни кандидати — петтина од нив се жени без партнер од Емиратите.

„Ги охрабрувам жените без партнери да се одлучат на посвојување уште повеќе од фамилиите. Има деца на кои им требаат семејства и има мајки — тие исто така имаат потреба од семејство,” вели Албусмаит.

Албусмаит вели дека таа никогаш свесно не одбила да се омажи; тоа само така испаднало. Но, таа отсекогаш сакала дете. Кога и кажала на Рим во шаторот дека таа е посвоена, таа вели дека нејзината ќерка ја примила веста со леснотија.

Сепак, тоа е комплицирано прашање. Културата во Емиратите е длабоко традиционална и самохрани родители се навистина ретки, додека посвојувањето останува спорно прашање во муслиманскиот свет.

Многумина веруваат дека посвојувањето е „харам,” или забрането, во исламот. Според Натана Делонг-Бас, асистент-професор на Колеџот Бостон и главен уредник на оксфордската Енциклопедија на Исламот и жените, посвојувањето — во контекст на прифаќање на презимето на фамилијата и сметање за целосен наследник со право на наследување од таа фамилија — не е дозволено во класичниот исламски закон.

„Се верува дека е многу важно за едно дете да знае кои се неговите биолошки родители и да може да се наврати наназад на семејното наследство од нив,” вели Делонг-Бас. „Но,  посвојувачките врски, во кое едно семејство зема дете, се грижи за него, и го расте во нивниот дом …историски се практицирани.”

Иако Албусмаит за Рим изјавува „мојата ќерка“, таа вели дека Рим го задржува презимето на нејзините биолошки родители.

Албусмаит била претпазлива кога првпат соопштила на нејзината фамилиај дека размислува да посвои, но таа вели дека сега тие и се голема поддршка, иако на почетокот некои од нејзините роднини не разбирале зошто таа би посвоила.

Оттогаш, Албусмаит јавно говори за патот кој го одбрала, надевајќи се дека ќе пружи поддршка на другите жени кои сакаат да тргнат по нејзините стапки.

„Дури и луѓето во брак, тие не зборуваат за посвојување. Јас зборувам за тоа бидејќи имам порака до моето општество…[посвојувањето] е најважната работа која едно општество треба да ја прифати.”

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.