Претседателската трка во Уганда повторно актуелна, Мусевени цели да го продолжи неговото 30 годишно владеење

Untitled

Скриншот од Агенда 2016 Јутјуб видео на кое е прикажан поддржувач на претседателот Мусевени.

На 3 ноември, речиси една година откако претседателот Мусевени го смени поранешниот премиер Амама Мбабази и ја напушти владејачката партија НРМ, тој беше номиниран како кандидат за претседател од Демократската алијанса, која е составена од повеќе партии, вклучувајќи ги Јавниот конгрес на Уганда, Демократската партија, и други.

Во претседателската трка, Мбабази се соочува со сегашниот претседател Јовери Мусевени, кој исто така беше номиниран за кандидатура на 3 ноември. Доколку Мусевени победи, тоа ќе биде неговиот шести мандат откако првпат дојде на власт во 1986. Мбабази и Мусевени нема да бидат сами во трката. На 4 ноември, Киза Бесиџје (која се спротиставуваше на Мусевени на последните три изборни циклуси) исто така беше номиниран од неговата партија, Форумот за демократски промени.

Ова значи дека главните кандидати за претседателските избори во 2016 се Мусевени, Мбабази и Бесиџје. Другите кандидати се д-р Венанциус Барјамуреба, Абед Бваника, Вини Кјалја и Џозеф Мабиризи.

Кампањите веќе наметнаа поделби во општеството. Музичарите од Уганда и нивните фанови се поделија пред оправдувањето за пеењето на песна во која се пофалува претседателот Мусевени за неговата добро завршена работа на власт во последниов четврт век. Постои шпекулација во оваа индустрија дека група музичари добиле пари за да учествуваат во песната: се вели дека Бебе Кул и Хозе Камелеоне добиле повеќе од 700,000 американски долари, додека се шпекулира дека здружение на уметници добило повеќе од $150,000 американски долари. Други уметници, како Еди Кензо (добитникот на 2015 BET награда) и Матијас Валукага се изјаснија со критика кон авторите кои земале учество во песната.

Контроверзната песна за кампањата која го пофалува Мусевени е достапна и на Јутјуб:

Официјалните кампањи започнаа на 9 ноември 2015, со речиси инстантното споделување на фотографии од настаните на социјалните мрежи.

Кампањите досега се мирни, иако неколку недели пред почетокот на кампањите една жена беше соблечена гола за време на судир помеѓу полицијата и поддржувачите на Форумот за демократски промени.

Боби Вајн, еден од најконтроверзните уметници во Уганда, ги повика граѓаните да бидат обединети, велејќи дека изборите доаѓаат и поминуваат, но државата и луѓето остануваат:

Ја гледам целава драма околу изборите во целата држава и ова е тоа што сакам да го кажам на вас мои сограѓани; ваше основно право е да гласате, но не дозволувајте целиов овој изборен процес да ве подели бидејќи тој е периодичен; наскоро ќе заврши и ќе останеме сплотени.

Споделувајќи фотографија од налутени поддржувачи на Мусевени, Евелин Лири твитна:

Велат една фотографија – 1000 зборови…Еве една таква фотографија #UgandaDecides pic.twitter.com/hCtk8Cdsrs — Евелин Лири (@Elirri) 13 ноември, 2015

Предложувајќи ја потребата од промена, комедијантот од Уганда Пабло Кимули сподели цитат од Алберт Ајнштајн:

„Лудило: правење на истата работа одновно и одново и очекувајќи различен резултат.“ – Алберт Ајнштајн #UgandaDecides — #4WayTestComedy (@PABLO_KenKimuli) 3 ноември, 2015

Тласуба Дада напиша:

Промената доаѓа. Го слушам повикот… Воздухот трепери низ гласот на @AmamaMbabazi и нова зора е пред нас, за мене и тебе. #UgandaDecides — Тласуба Дада (@DadaTlasuba) 3 ноември, 2015

Во коментар на напис кој беше објавен во „The Daily Monitor“ (Дневниот монитор), Умусани изјави за кандидатурата на Мусевени:

Господинот Мусевени изјави дека ќе оствари некои од неостварените ветувања дадени на минатиот претседателски изборен циклус…………..„Јас сум тука бидејќи ме одбра партијата. По борбата за ослободување, фазата на закрепнување и градење на основата Уганда е подготвена за напредок“……….

Драг господине претседател, постојат сервиси/услуги за кои доколку работевте барем во изминативе 10 години, ниту еден нормален Уганданец објективно не би се противел на вашиот 4/5 мандат и прекумерно останување на функција. Ова се услуги кои не можат да си дозволат да чекаат уште еден повторен почеток и обнова, имено: здравството, образованието, работните места, сигурноста за храна! Угандаците умираат и скапуваат економски, интелектуално, физички и социјално.

Без работно место и сигурна храна, ниту еден Уганданец не може храбро да застане против корумпиран политичар кој му нуди мито. Уганданците остануваат собирачи кои се склони кон луѓе кои мавтаат со кафеави пликови кон нив за време на овие пет месеци до март / февруари 2016, бидејќи вашата неуспешна јавна администрација и тимови на локалните власти не успеаја ефикасно да ги започнат, промовираат, следат, проценат и подобрат вашите програми од 10 точки и други иницијативи……

Коментирајќи на сторија во Њу Вижн за номинацијата на Бесиџје, и фактот што Киза Бесиџје секогаш тврдел дека не верува во избори кои ги огранизира Изборната комисија на Уганда, корисникот на Дескус, Бесон прашува:

Каде е логиката? Земање учество во трка во која не верувате.

Еригаци Френцис го праша Бесиџје зошто тој мисли дека овојпат, после три последователни неуспеси, работите поинаку ќе завршат за неговата кандидатура:

Кол: три пати по ред ви се истурила водата како што се приближувате кон дома по истиот пат и повторно истиот старател ви дава нов сад за кој многу добро знаете дека е погрешна како што сте навеле, кое е вашето уверување кон сите во Уганда особено за промените кои се однесуваат на луѓето кои се загрижени за безбедноста на последниот сад?

Видеото подолу ја прикажува првата кампањска средба на Киза Бесиџје во стадионот Накивубо во Кампала:

Видеото подолу ја прикажува првата кампањска средба на Амама Мбабази во стадионот Накивубо:

Сите кандидати се очекува да одржуваат средби со поддржувачите во текот на кампањата низ целата држава пред денот на изборите на 18 февруари, 2016 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.