Во изминатата недела, повеќе од 13 индонезиски провинции беа поплавени поради поројните дождови. Катастрофата одзема 14 човечки животи, а тројца се уште се водат како исчезнати. Поплавите погодија неколку области во Западна Нуса Тенгара, Суматра, Јава, Бали, Борнео и Сулавеси. Повеќе од 50 000 луѓе мораат да бидат евакуирани.
Џакарта, главниот град на Индонезија, е под речиси два метри вода. Повеќе од 40 % од градот е под морското ниво. Популарната туристичка дестинација за одмор, Бали, е исто така поплавена.
View Larger Map
Indonesien via Google Map [en]
Java Jive пишува за поплавите во Џакарта:
Додека во декември беше навистина сончево и пријатно, новата година донесе лути, поројни дождови проследени со молњи и секако годишни поплави.
Додека го пишувам овој напис, гледам во еден долг канал кој е исполнет со вода од дождот и отпадоци. На небото повторно се собираат облаци, и се отвораат како рана, додека за оваа недела повторно се прогнозираат поинтензивни бури. Една жестока ноќ со постојани врнежи и нема да можеме да излеземе од Келапа Гадинг бидејќи патот кој води до царинската бариера бидејќи е меѓу најниските и најбрз за поплавување.
Дали сум нервозен? – Не, воопшто.
Но, загрижен сум за семејствата кои не можат да излезат, за оние кои имаат мали деца и не можат да добијат чиста вода за пиење или медицинска помош. За сите оние кои ризикувале или немале доверба да ги осигураат нивните домови, бизниси и автомобили. И за оние кои повторно би можеле да изгубат се.
Mywebsiteku очекува поплавите да продолжат до следниот месец:
Врвот на дождовната сезона е во тек и се очекува да се случи во февруари 2009 година. Ова е потенцијален предизвикувач на катастрофи, како што се лизгање на земјиштето, поплави, ветрови и голема количина на вода. Ова се гледа од големината на облаците во Џакарта и околните области каде има подобрување така што интентзитетот на врнежите има влијание. Заради тоа, мора да се информира јавноста во врска со временски услови.
На Твитер се известува во врска со поплавите:
Irwanlee: Небото е се потемно, треската и потопот се враќаат во градот.
lusy_sunset: Искрено кажано, јас мислам дека Владата и луѓето се одговорни за годишните поплави во главниот град.
nanashambles: Дождот е проклет! Насекаде поплави. Хаотична ситуација
storymasterq: Студениот фронт продолжува. Големите поплави во Џакарта доаѓаат обично на секои 5 години, следните се очекуваат во 2012 година. Апокалипса?
Поплавите во Индонезија се чести. Riau објавува слики од Кампар, Индонезија, каде пред неколку недели имаше поплави:
Фотографии од Riau Daily Photo