Тајланд: Демонстрантите на Црвените кошули се вратија

Протест на Црвените кошули. Слика од Твитер од thethaireport

Анти-владините демонстранти на Црвените кошули во Тајланд мобилизираа илјадници членови во централен Банкок и продолжија да притискаат со своите барања за подемократски реформи во владата. Полицијата процени присутност од 30 000 учесници во толпата, но организаторите изјавија дека на улиците беа собрани 60 000 учесници.

Тоа беше најголемиот собир на Црвените кошули по насилните акции на владата во однос на протестите. Тоа беше, исто така, првото помасовно собирање по објавувањето на вонредна ситуација во главниот град на државата.

Главните членови на Црвените кошули се поддржувачи на отстранетиот премиер, Таксин Шинаватра, но групата од тогаш стана широко движење кое повикува на суштински промени во тајландската владата и општество.

Банкок Пундит потврдува дека неделниот собир беше најголемиот протест на Црвените кошули од минатогодишните улични блокади.

Ова е всушност најголемиот собир после последните протести во март и мај. Во септември, околу 10 000 црвени учествуваа во првите масовни демонстрации по нападите во Банкок. Имаше околу 8 000 црвени собрани во Банкок на 10-ти октомври и други 12 000 во Ајутаја на 17-ти октомври и над 10 000 собрани повторно на 19-ти ноември да одбележат шест месеци од тој настан на 19-ти мај.

Ричард Бароу даде неколку клучни гледишта за собирот.

Собирот започна кај споменикот Демократија. На Јатупорн Промпан, лидер на Црвените кошули, му беше забрането од страна на судот да излезе да говори на собирот. Како и да е, денес тој се спротивстави на таа наредба. Не само што се врати, туку и одржа говор. Ова направи да биде поинаков собир од оние што дотогаш сме виделе, од моментот кога армијата имаше крвава акција која резултираше со 91 загинато лице. За прв пат имавме луѓе да држат говор.

Парадата практично доведе многу патишта во Банкок во застој. Покрај тоа, бев сведок на многу сопственици на продавници кои излегуваа да аплаудираат и да ги поздравуваат Црвените кои поминуваа покрај нив… илјадниците кои дојдоа денес, дојдоа најчесто со сопствен превоз. Многу луѓе беа од околината на Банкок и од околните провинции.

Нивното барање беше едноставно, ослободување на лидерите на Црвените кошули од затворска казна. Плачејќи велеа дека е нефер тоа што лидерите на Жолтите кошули кои ја окупираа владата и го затворија аеродромот сèуште шетаат на слобода.

Неколку реакции на Твитер од Банкок:

Fridaylovesong: Црвените кошули се повторно на должност… голем сообраќаен метеж е резултат кој веднаш следи и исто така набрзо ќе следат финансиски и бизнис проблеми. Нивната кампања беше сложена за мојот аполитички ум. И покрај сè, не верувам многу во самиот момент на „ера“, не многу луѓе генијално се грижат за или борат за демократија- ние сме обврзани да работиме за да заработиме за живот, реално гледано.
leosia: Има многу критики за Црвените кошули денес, но изненадена сум и охрабрена од нивната упорност.
MrMCos: @Saksith Би им предложил на Црвените кошули исто така да излезат од сенката на Таксин ако сакаат да имаат напредок и да бидат повеќе од улична толпа. Ново лидерство.
GiantRobot7: Навистина Црвените кошули ја „удрија во стомак“ берзата…. СЕТ падна за 12 поени… КБАНК падна за 3,8 %.
NickDay13: Црвените кошули собраа 30 000 поддржувачи, ПАД има околу 10 шатори пред владата. Која група е порелевантна?
choochiiz: @PeaceinThailand: Предлог за движењето на Црвените кошули, ве молам започнете се мобилизацијата по 22 часот за да можеме да пазаруваме на мира:)

Слики од маршот на Црвените кошули можете да ги видите на Matichon Online и Thai Free News.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.