Европската фондација DiasporaSolidaria.org во Амстердам организираше самит за жени- емигранти од Латинска Америка и Карибите на којшто тие дискутираа за прашања како што се нивните права, променливата природа на семејствата и давачките. ЛА Рута ни покажува кратко видео што прикажува дел од нивните искуства.
За време на овој настан, жените учествувале во различни работилници. На првата, дискутирале за полот, миграциите и развојот и како нивните права се трансформирале или промениле според нивниот нов миграциски статус. На втората работилница истражувале во поглед на давачките и се согласиле дека имаат потреба од подигнување на свеста за улогата која жените ја имаат во праќањето пари во нивните матични држави. На последната работилница, тие дискутирале за новата структура на семејствата којашто се менува поради миграциите и значајноста на Латинска Америка, којашто пак ја поттикнува појавата на новата семејна структура наречена „транснационално семејство“ и како семејното право и правата на семејствата треба да се сменат или да се приспособат на оваа нова ситуација.
Жените присуствувале на оваа средба од различни причини. Оние што се интервјуирани наведуваат неколку причини, како што е потребата од информирање, дружење, учење како и откривање на нови начини за да се приспособат на новата култура, а да не ја заборават својата.
Друга средба на жените емигранти од Латинска Америка беше организирана во Шпанија, поттикната од успешното искуство со првата во Холандија. Диаспора Солидариа ги опишува инспирирачките резултати:
La agradable sorpresa la constituyó el ver a tantas mujeres comprometidas seriamente con el desarrollo de un movimiento de mujeres que traspase regiones y naciones