- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Украина: Блогерите реагираат на уништувањето од страна на полицијата на кампот за протест против данокот

Категории: Источна и Централна Европа, Украина, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Закон, Политика, Протест, Човекови права

Илјадници украински сопственици на мали и средни претпријатија веќе две недели протестираат [1] против новиот даночен законик. Најголемите протести се одржаа во Киев, каде што демонстрантите поставија камп.

Рано наутро во петокот, околу 250 полицајци, вклучувајќи специјални единици против нереди пристигнаа на Маидан Незалежности (Плоштадот на Независноста) како поддршка на општинските комунални работници кои беа дојдени за да го размонтираат [2] кампот (фотографии тука [3]). Според официјални извори, постапката била заснована на забраната за одржување на протести [4] на окружниот суд во Киев и на одлуката на градската администрација за поставување на божиќна елка [5] на плоштадот.

Демолирањето на кампот (видео тука [6]) веднаш го привлече вниманието на украинската блогосфера.

Многу блогери беа лути на властите и на нивните постапки, кои беа сфатени како недемократски.

Alibobaevich пишува: [7]

Влада втомилась гратись в демократію! Міліція знесла містечко мітингувальників на Майдані.

Владата се умори од играње демократија! Полицијата го отстрани “градот„ на демонстрантите од плоштадот.

Свјатослав Вакарчук  s_vakarchuk пишува [8]:

На Майданi встановлють новорiчну ялинку на рештках демократii, i цементують людською байдужiстю ……

На плоштадот поставуваат елка  врз остатоците од демократијата и ја цементираат со човечка рамнодушност…

Коментирајќи ги отстранувањето на кампот и блокадата [9] на централен Киев од сообраќајната полиција, Олег Шинакаренко, singing_foot, пишува [10]:

В Україні встановлено поліцейську диктатуру.

Полициска диктатура е поставена во Украина.

Новинарот Мустафа Најем, кој бил очевидец на настанот, пишува [11] (руски) на неговиот блог:

Палаточный городок сносили тихо и мирно. Правда с привлечением совершенно неадекватного количества милиции, Беркута и “работников ШЕД”. Кому-то в МВД в эту ночь явно хотелось поиграться в “войнушки”. Последний раз такое количество людей в форме и “мирно гулящих в гражданском” видел в центре Тбилиси во время грузинской войны 2008 года.

Кампот беше отстранет тивко и мирно, иако со употреба на неадекватен број на полиција, специјални единици против нереди и (комунални работници). Очигледно некој во министерството за внатрешни работи сакал да си игра (воени игрички). Последниот пат кога видов толкав број на униформирани и “луѓе во цивилна облека кои се шетаат мирно наоколу„  беше во Тбилиси за време на војната во Грузија од 2008.

Корисникот на Лајв Журнал (Live Journal) gvyntokryl коментира [12] со иронија на таквите постапки:

Наші доблєстниє міліціонєри не побоялісь-такі і дємонтіровалі наметове містечко на Майдані Незалежності..

Нашите храбри полицајци не беа исплашени и навистина го растурија кампот на Плоштадот на Независноста

Корисникот на Лајв Журнал од Киев vintovkin исто така го става под знак прашање [13] однесувањето на властите:

Останні Майдани весь час розганяють годині о 5-тій. […] Невже менти бояться вдень? Їх же й так разів в 10 було, ніж тих мітингувальників.

Сите последни протести беа растурани најдоцна до 5 часот наутро. […] Дали полицијата навистина се плаши да го направи тоа во текот на денот? И онака беа десетина пати побројни од демонстрантите.

Да, некои блогери ги гледаат работите во позитивно светло. Меѓу нив е и quickstep007, корисник на Лајв Журналот од регионот на Киев. Таа пишува [14] (РУС):

Майдан – победа ли это?
Считаю, что – таки да, победа. Люди показали, что они не будут бессловесным электоратом, который кушает все, что подсунут. Нужно помнить уроки истории. И делать выводы.

Плоштадот на независноста – дали е победа?
Да, верувам дека е така. Народот покажа дека не е само немо гласачко тело кое “јаде„ се што ќе му се даде. Часовите по историја мораат да бидат запаметени. Заклучоци мора да бидат донесени.

Друг блогер од Киев, корисник на Лајв Журнал iozhikov, верува [15] дека насилното отстранување на кампот ја надополнува моралната победа на демонстрантите:

[…] масовий протест невідомо чи буде тривати (скоріше ні, бо мають підключитися нові групи суспільства, а вони не підключаються). Що робити організаторам, щоб не втратити лице? І тут цей розгін містечка якраз вчасний. Він морально каталізує протест, який уже почав затухати.

[…] не е јасно дали масовниот протест ќе продолжеше или не (најверојатно не, бидејќи други општествени групи требаше да се вклучат, но тоа не се случи). Што треба да направат организаторите за да не го изгубат образот? И еве, растурањето на кампот доаѓа како порачан. Морално го помага протестот кој беше почнал да стивнува.

Како одговор на планот на властите итно да се постави божиќна елка на Плоштадот на Независноста, некои блогери изнајдоа начини да изразат несогласување. Singing_foot пишува: [16]

Починаємо акцію “Я не йду на ялинку від Януковича!”

Ајде да започнеме акција “Јас нема да одам да ја посетам божиќната елка на Јанукович (украинскиот претседател)!„

Јарослав Ведмид vedmid на шега предложи [17]:

кажуть, таки треба ставити йолку протесту…

После сѐ, се вели дека треба да се направи протест, а не божиќно дрво…

Како реакција на настаните некои НВО ги осудија [18] постапките на властите и поставија импровизиран натпис [19] на плоштадот на кој беше напишано: “Тука беше растурена демократијата.„ Потоа сите беа поканети да стават цвеќе покрај него.

Вечерта, позната порака на украинскиот Твитер (#kat_ua [20]) велеше [21]:

На Майдан несуть квіти.

Цвеќиња се носат на плоштадот.