- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индонезија: Прослава на Кинеска Нова Година

Категории: Источна Азија, Индонезија, Етничка припадност и раса, Политика, Религија, Уметност и култура, Човекови права

Прослава на Кинеска Нова Година

Прослава на Кинеска 2008 Нова Година во Џакарта. Фотографија од: ДМахендра од Фликр. [1]

Повеќе од три декади, на индонезиските Кинези им беше забрането да ја изразуваат својата култура. Апсолутистичкиот  режим „Нови правила“ под водство на претходниот Претседател Сухарто [2]донесе одлука дека е забрането да се користат кинескиот јазик и букви. Како последица на тоа,  прославата на „Имлек“ (Кинеската Нова Година) не можеше никогаш да се види и да се одржи. За време на тој период, прекршувањето на правилата од тој режим подлежеше на жестоки реперкусии: се завршуваше во затвор или „неволонтерски се исчезнуваше“.

Благодарение на Претседателот Вахид [3]во 2000 година, кој ја анулираше дискриминацијата против Кинезите и сите останати малцинства, индонезиските Кинези сега можат да ја изразуваат својата култура отворено. Претседателот Вахид и потоа неговиот следбеник Претседателот Мегавати Соекарнопути [4], потоа објавија дека Кинеската Нова Година е државен празник. Сега, не само индонезиските Кинези, туку сите Индонезијци можат исто така да уживаат во празникот.

Последниот попис на индонезиските етницитети во 2000 година покажа дека популацијата на индонезиските Кинези беше 1,2 милиони. Некои експерти изјавија дека тој број е уште поголем (до 3 милиони), бидејќи браковите со други етнички групи стануваат се повообичаени помеѓу Кинезите и другите етнички групи во Индонезија. Па така, пропорцијата на индонезиските Кинези во севкупната популација на државата е во моментот околу 1-2 проценти и со тоа ги става Кинезите помеѓу 10те најголеми етнички групи во Индонезија (има повеќе од 300 етнички групи и се зборуваат повеќе од 700 јазици и дијалекти во државата).

Со толкав голем број на индонезиски Кинези, државата треба да биде дестинација каде ќе се ужива во прославата на лунарната Нова Година. Многу настани и кинески декорации сега можат да се најдат на улиците, во трговските центри и други центри за забава. Посилна атмосфера може да се почувствува во кинеските квартови, кои постојат во скоро сите поголеми градови во Индонезија, како што се Медан (Провинцијата Северна Суматра), Џакарта и Семаранг (провинцијата централна Јава).

И покрај тоа, се уште постојат некои фундаментални религиозни групи кои велат дека е забрането за муслиманите да посакаат “Среќен Имлек”, ниту пак да учествуваат во прославата. Тие го велат истото и за Божиќ. За овие групи, Мохд Јасри Хафиз Јусуф, еден малезиски студент на Pengajian Islam Universiti Malaya (Академија за Исламски Студии, Универзитет Малаја), во Куала Лумпур, има одговор:

…Di Negara China, terdapat lebih 100 juta umat Islam dan mereka merayakan Tahun Baru Cina… Allah s.w.t tidak melarang umat Islam berbaik, berbuat baik, bergaul secara baik dan berlaku adil serta jujur dengan golongan lain, baik Yahudi atau Nasrani…

Во Кина, постојат повеќе од 100 милиони муслимани и тие ја прославуваат Кинеската Нова Година… Семоќниот Бог не им забранува на муслиманите да бидат добри, да прават добри работи, да бидат фер и чесни кон другите, вклучувајќи ги Евреите или Кинезите…

Па според тоа, Среќна Кинеска Нова Година за сите нас, особено на индонезиските Кинези!