Twitter беше преплавен со пораки за сочувство по уривањето на авион на „Етиопијан Ерлајнс“ во Средоземното море, само неколку минути по полетувањето од Бејрут, Либан. Сите 90 патници се претпоставува дека се мртви, откако авион беше зафатен од пожар за време на бура и се урна во морето.
@tsepeaces препрати порака од сведок, кој вели:
RT @patrickgaley: „Видовме експлозија во небото како сонце, беше таму неколку секунди и потоа исчезна во темнината“ #ET409
Тој исто така пиша:
Авионот беше огнена топка за момент – ова се прогонувачки зборови:-/ #ET409 Нека почиваат во мир!
Daily Star и блогерот на Huffington Post, Патрик Гелеј цитираат Либанец кој загубил 10 пријатели од летот:
Фоуад Шихаб, 10 пријатели на летот: „Требаше и јас да бидат во тој авион и видете што се случи. Сите мои пријатели се мртви.“
Во претходен твит, тој пишува:
Само што се вратив од аеродромот Рафик Харири, таму е ужасно. Нема информации и зборував со луѓе кои изгубиле цели фамилии
Хичаме Аси (@hiconomics) пишува:
Многу тажна вест е #ET409… Се надевам дека нема да биде многу болно за фамилиите и пријателите. Allah Yer7am (Нека Господ има милост кон нив)
Ѓеоргес Ази, кој го следеше известувањето на телевизија не беше импресиониран и напиша на Twitter:
Либан: премногу ТВ станици = премногу прикажување на #et409 кое прерасна во сензација и фикција #fail
Самер, @meetsamer, исто така беше незадоволен од либанските медиуми:
Либанските медиуми немаат достоинство или чувство за етика, тие веќе викаат дека исчезнатите луѓе се мртви #ET409 #Lebanon
Амер Табш (@arzleb) има слични мислења и пишува:
Анализата на либанските медиуми за #ET409 е многу глупава и погрешна #fail
Тој исто така споделува број за информации и прашања за несреќата:
Бројот 71207326 за инфо и прашања од фамилиите на жртвите / Бројот 1701 за информирање за било какви остатоци од авионот #ET409 #Lebanon
Во меѓувреме, Тала е потресена од веста и пишува:
25 тела се извадени од водата, а 2 од нив се деца. Сè уште не се идентификувани. R.I.P #ET409
Кал Пери од CNN исто така испрати порака на Twitter:
Многу тажен ден #et409 -утре ќе се обидеме да отидеме до плажата. Вечерва сторија од аеродромот. Премиерот Харири се обидува најмногу што може да ги утеши луѓето
Нејтан Ред е во агонија и пишува:
Навистина не можам да се сконцентрирам на ништо денес. #ET409 е единствената работа како која мислам. Моето срце е скршено.
И @nightS го сумира денот велејќи:
Ова е многу тажен и ужасен ден 🙁 #ET409