Иран: Ирачаните го одбележаа роденденот на Неда

neda1Многу луѓе од и надвор од Иран го одбележаа 27от роденден на Неда Агха Солтан. За жал, Неда не беше таму за да се забавува и наместо да прима подароци, таа беше застрелана од Басиџ полицијата на 20 јуни 2009 за време на масовните протести за иранските претседателски избори, во кои Махмуд Ахмадинеџад беше прогласен за претседател. Нејзината смрт беше снимена на видео од сведоци и поставено на интернет. Таа умре со нејзините очи широко отворени и нејзините последни моменти ги пренесоа граѓанските медиуми во традиционалните, допирајќи до милиони луѓе.

Неда, без сомнеж, стана симбол на протестантите, кои ја покажаа својата почит кон неа уште еднаш во саботата.

Nedaye Mihan Sabz (што во превод значи зелениот роден крај на Неда) пишува [фарси] дека „зелените луѓе (мислејќи на протестантите против иранскиот режим) и фамилијата на Неда беа присутни на гробот на Неда. Тие запалија свеќи и го декорираа нејзиниот гроб со фотографии од неа. Присутни беа и безбедносни сили.“

Неколку ирански блогови исто така објавија фотографија од родителите на Неда.

neda

Балатарини вели [фарси] дека Неда умрела со нејзините очи широко отворени и Ирачаните не треба да живеат со нивните очи широко затворени.

Бипанахм пишува [фарси] дека многу луѓе, вклучувајќи и активисти за човекови права и мајки кои оплакуваат, го одбележале роденденот на Неда. Тој вели дека на почеток безбедносните сили ги спречувале луѓето да го снимаат настанот, но потоа се повлекле поради протести од присутните.

Азармехр пишува дека Ирачаните се сеќавале на Неда пред канцелариите на Press TV‘s (телевизиски канал) во Лондон.

Тој забележува:

Константните лаги на Press TV за Неда, сакајќи да ја уништат нејзината слика, станаа фокус за оние кои сакаа да го одбележат овој ден во Лондон. Ирански иселеници и други луѓе се собраа пред канцелариите на Press TV за да и одадат почит на Неда и во исто време да го потресат совеста на оние кои сè уште работат за пропагандата на оваа месијанска хунта во Иран.

Тој исто така ги објави и овие фотографии од собирот:

neda3

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.