- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Франција: Туниската дијаспора го отвори „Клубот Синиот прст“

Категории: Западна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Тунис, Франција, Граѓански медиуми, Избори, Историја, Политика

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Револуцијата во Тунис во 2011 година [1].

Од 20 до 22 октомври за време на тридневното гласање на дијаспора од Тунис [2], туниските гласачи во Франција се придружија на „Клубот Синиот прст.“ Фејсбук и Твитер се преплавени со слики со сини прсти обоени со мастило, доказ дека тие – мнозинството за првпат во нивниот живот – ги дадоа нивните гласови и се дел од избирачкиот клуб на предврмени гласачи на историските туниски уставни избори што беа кулминација на револуцијата во Тунис.

Еден од новите членови на клубот, @Sonia_72 [3] е воодушевена:

A voté, le cœur léger, un ciel bleu d'espoirs au bout du doigt, Youhouuu !

Гласав безгрижно, со лесно срце и со сино небо полно со надеж на врвот од мојот прст, јуху!

Слика од @sonia 72 на Твитер

Image by @Emnalamine on Twitter

Гласачките кутии се полни: Слика на @Emnalamine на Твитер

Мобилните телефони беа забранети за време на гласањето. Додека стоеше во редицата, Емна Ламин [4] ја направи оваа фотографија во нејзината избирачка единица, во северното предградие на Париз. Ја потврдува големата излезеност на гласачите од дијаспората:

Les urnes pleines!

Гласачките кутии се полни!

Како резултат на тоа, „сините прсти“ се пробија како печурки на социјалните мрежи во Франција. Сликата подолу од фото галеријата на Фејсбук на Емна Бен Јема „Јас гласав. А ти?“ [5] беше објавена во медиумите ширум светот. Потребни се илјадници зборови за да се изрази длабоката емоција што ја почувствувале Тунижанците кога добиле можност да гласаат демократски.

Тунижанка во солзи по гласањето во Франција – слика на Емна Бен Јема

Тунижанец со неговата ќерка по гласањето: Ден на гордоста – слика на Емна Бен Јема

Млад човек парадира со неговиот глас за Тунис – слика на Емна Бен Јема

Исто така беше креиран и блог на Тумблр [6] каде новите гласачи можат да ги прикачат сликите од нивните сини прсти [7]. Подолу има неколку прилози.

За да ја слика нејзината слика на годината, некој го вперил прстот кон Ајфеловата кула :

Гласање во Париз

V што означува победа, гласа [8]:

В за победа

Некој прати и лична порака [9] до поранешниот претседател Зеин Ал Абедин Бен Али:

Специјална порака за Бен Али

Во Франција групата сини прсти се здоби со прекарот „Штрумфови“ [10]. Небескиот танцувач повторно се чувствува како дете.

Штрумфовите се вратија

Ветување во Фотошоп [11] е испратено преку средоземното море до Тунис каде гласњето започна денес (23 октомври).

Ветување за надеж

Во меѓувреме двајца млади граѓански новинари, Линда Ел Авадеј и Елеонор Боунхју собраа видео сведочења [12] од гласачите во Париз:

http://youtu.be/nmee8jR3Ygo [13]

Во саботата Зиед Мирши (@Zizoo [14]) ја изусти оваа желба:

Се надевам дека секој во неговиот живот, живее денови како овие, месеци како овие, револуција како оваа #tunisia [15]# tnelec [16]

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Револуцијата во Тунис во 2011 година [1].