- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Африканските блогови номинирани за Bloggies 2009

Категории: Супсахарска Африка, Брегот на Слоновата Коска, Јужна Африка, Либерија, Уганда, Медиуми и новинарство, Технологија

Номинациите за деветтите годишни награди за најдобар блог: Bloggies 2009 [1]започнаа на 1ви јануари и ќе завршат на 19ти јануари. Според веб-страницата [1]за наградите, Bloggies е најстарата (прва) награда за блог на веб и номинациите и изборот на финалист се избор на читателите на блоговите. Победникот добива награда од 2 009 американски центи!

Во категоријата за најдобар африкански блог номинирани се пет блогови:

Being Brazen [2]: Ова е блог од Јужна Африка. Во профилот на блогерот пишува [3]:

Јас сум ексцентричен, сонувач, 20-и нешто годишен кој верува во љубов, Господ, моќта на зборовите, искрен, непристрасен, и да, смеењето веројатно е најдобар лек. Не сакам летање, места со преголема гужва, чекање редови, а најмногу бубачки. Затреперувам пред високи потпетици. Пишувам за да останам разумен.

Appfrica [4]: Веб портал за најновите вести во врска со африканските иновации, образование и претприемништво во технологијата.

Glad To Be a Girl [5]: Јужно-африкански блогер кој живее во Јоханесбург.

Нејзиниот профил [6]:

Прочешлајте го моето лудило и откријте ја мојата генијалност. Скромноста капе од мене во кофи 😉 Сарказмот и мојот избор на оружје. Христијаните, Муслиманите и Евреите веруваат во само еден Бог повеќе од мене.

West Africa Wins Always [7]: Ова е блог на Полина [8], една новинарка која живее на Брегот на слоновата коска од 2003.

Последен но не и помалку важен е Scarlett Lion [9]: Таа е новинар кој живее во Либерија.

Прераскажано со нејзини зборови [9]:

Фотограф, писател, репортер. Оди низ животот со цел да креира записи и истории. Претходно во Уганда, сега во Либерија. На овој блог овозможува љубопитство, цинизам и коментари. И некои фотографии.

Гласањето завршува на 2ри февруари и победниците ќе бидат прогласени во март во Аустин, Тексас, САД на фестивалот Southwest Interactive Festival.