Номинациите за деветтите годишни награди за најдобар блог: Bloggies 2009 започнаа на 1ви јануари и ќе завршат на 19ти јануари. Според веб-страницата за наградите, Bloggies е најстарата (прва) награда за блог на веб и номинациите и изборот на финалист се избор на читателите на блоговите. Победникот добива награда од 2 009 американски центи!
Во категоријата за најдобар африкански блог номинирани се пет блогови:
Being Brazen: Ова е блог од Јужна Африка. Во профилот на блогерот пишува:
Јас сум ексцентричен, сонувач, 20-и нешто годишен кој верува во љубов, Господ, моќта на зборовите, искрен, непристрасен, и да, смеењето веројатно е најдобар лек. Не сакам летање, места со преголема гужва, чекање редови, а најмногу бубачки. Затреперувам пред високи потпетици. Пишувам за да останам разумен.
Appfrica: Веб портал за најновите вести во врска со африканските иновации, образование и претприемништво во технологијата.
Glad To Be a Girl: Јужно-африкански блогер кој живее во Јоханесбург.
Прочешлајте го моето лудило и откријте ја мојата генијалност. Скромноста капе од мене во кофи 😉 Сарказмот и мојот избор на оружје. Христијаните, Муслиманите и Евреите веруваат во само еден Бог повеќе од мене.
West Africa Wins Always: Ова е блог на Полина, една новинарка која живее на Брегот на слоновата коска од 2003.
Последен но не и помалку важен е Scarlett Lion: Таа е новинар кој живее во Либерија.
Прераскажано со нејзини зборови:
Фотограф, писател, репортер. Оди низ животот со цел да креира записи и истории. Претходно во Уганда, сега во Либерија. На овој блог овозможува љубопитство, цинизам и коментари. И некои фотографии.
Гласањето завршува на 2ри февруари и победниците ќе бидат прогласени во март во Аустин, Тексас, САД на фестивалот Southwest Interactive Festival.