Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Боливија: Справување со треската Денгa

Обилните дождови во источниот дел на Боливија предизвикуваат уништување на жетвата и на приватните домови поради големите поплави. Меѓутоа, тие помагаат да обезбедат поволна околина за размножување на комарците кои го шират вирусот кој ја предизвикува треската Денга. Симптомите вклучуваат тешки главоболки, болки во мускулите и зглобовите. Исто така постои многу потешка форма која предизвикува хеморагиска Денга од која има веќе три смртни случаи во државата.

Како што пишува Ерика Пинто од Alkolica [шпански], треската Денга веќе го има нападнато градот Санта Круз и таа се надева дека нема да се прошири во нејзиниот роден град Тринидад.

Блогерот Вили Андрес во Санта Круз имаше искуство од прва рака во справувањето со треската Денга [шпански]:

Esta muy complicado esto del dengue por estos rumbos; no es de tenerlo en poco, especialmente viendo testimonios de personas que han quedado marcadas de por vida por no tratar a tiempo y como debe ser esa enfermedad. Y pensar que todo esto es por culpa de un insecto tan peqeño, al final de todo… ¡qué débiles somos!.
He tenido el tiempo en que pasé por esa enfermedad, no es nada agradable sinceramente, los dolores en las articulaciones, en los músculos… es como si te hubieran pegado.

Овде, Денгата е многу комплицирана и не е за потценување, особено ако се чујат и видат сведоштвата од луѓе кои се обележани доживотно бидејќи не се лечеле на време, што е особено важно во лекувањето на оваа болест. И кога ќе помислиме дека сето ова е предизвикано од еден мал инсект, сфаќаме на крајот, колку сме ние слаби!

И јас имав искуство со оваа болест и да ви кажам отворено не е многу пријатно, болките во зглобовите, мускулите…се е како да ве претепал некој.

Сега, тој и помага на својата сопруга која неодамна заболе од треската Денга. Згора на тоа таа е во третиот месец на бременост што е уште позагрижувачки. Тие биле во најразлични клиники низ градот Санта Круз и дури во втората клиника добиле правилна медицинска грижа. Работите се многу подобри и болеста немала влијание на бебето. Тој додава:

gracias a Dios, Sara esta mucho mejor y con los medicamentos indicados. A cuidarse del dengue.

Фала му на бога, Сара се чувствува многу подобро сега и ги зема правилните лекови. Заштитете се себеси од Денга.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.