Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Нема повеќе непристојни шеги преку СМС

Според минатонеделниот извештај на Xinhuanet, филијала на Mobile China од Шангај ќе започне со суспендирање на функцијата за СМС на мобилните телефони, доколку откријат сека бројот шири „вулгарна“, „порнографска“ или друга нелегална содржина (За детали видете го написот на Global Voices Advocacy). Другите градови и мобилни компании исто така применија слични практики од почетокот на 2010. Новата политика имлицира дека кампањата против зголемувањето на порнографијата на мобилни телефони, како што е наведено во официјален документ на Министерството за индустрија и информатички технологии, е влезена во втората фаза.

Како што Дамон од interlocals.net истакнува, „надгледувањето на мобилните пораки (СМС) не само што го нарушува приватниот живот на граѓаните, туку исто така создава инфраструктура за рушење на социјалната мобилизација преку мобилни телефони“.

Блогерот Гауло е исто така свесен за постоењето на Големиот брат во филтрирањето на непристојните шеги:

手機短信受到管制,其實意味著我們所有的短信都受到了管制。我們所發的每一個字背后都有一雙眼 睛在盯著,時時刻刻!這不是流氓行徑么?不難想象以后如果我們用手機調情是不是也會在中途突然受到警告,然后被強行勒令去寫保證書?越想越覺的恐怖。我們 到底是什么樣的國家?我們想成為什么樣的國家?網絡收網先行,現在有輪到手機了。我們的自由和隱私再也無法捍衛了,我們已經退到了邊緣的邊緣,最終我們無 路可退。我們沒有特權,甚至連基本的權利也沒有,任意被踐踏。算了,我祈求政府把我們都從閹割了吧

Контролирањето на СМС имплицира дека сите наши комуникации преку СМС се надгледувани. Секој збор што ќе го пратиме ќе биде виден. Нели е тоа насилничко однесување? Не е тешко да се замисли дека ќе бидеме предупредени ако флертуваме со некој преку мобилен. Тогаш ќе бидеме присилени да напишеме гарантно писмо, во кое ќе ветиме дека нема да го правиме тоа повторно. Ова е ужасно. Во каква земја живееме? Интернетот веќе е контролиран, па сега и мобилните. Не можеме да ја браниме нашата приватност повеќе. Стоиме на работ на карпа и не постои начин да се вратиме назад. Ние немаме никакви привилегии и сега дури нашите основни човекови права се повредени. Нашата влада може дури и да не кастрира.

Visame2 ги советува паровите и љубовниците да користат тајни кодови во нивната комуникација:

从 现在起,应该赶紧学学电视上特务的接头暗号,比如用“打酱油”代表想亲热之类,但“俯卧撑”是万万不能用的.而且,一定要随时关注“技术标准”的变化,一 旦用“打酱油”当暗号的多了,人家的“词库”必然要与时俱进更新,就像现在“同志”这个曾经最普通的称呼已经被很多网站屏蔽一样.

Од сега треба да учиме од тајните агенти од телевизиските програми и да користиме тајни кодови во нашата комуникација. На пример терминот „купување на соја сос“ да значи „водење љубов“. Не користете термини како „кревање“. Исто така треба да внимаваме на техничката дефиниција за „вулгарност“. Откако еден таен код ќе стане популарен, ќе биде додаден во нивниот речник. Мора често да ги освежуваме. На пример сега терминот „comrade (пријател)“ е филтриран на многу веб локации…

Истакнатиот писател Хан Хан реши да го тестира системот:

我看到一个新闻说,以后手机上转发黄段子或者黄色信息将停止该手机短信功能,必须到公安局写下保证书才能开通短信功能。政府就是这样,他永远给你一个动词 和名词,然后永远不解释这个名词,比如说,不能反革命,但从来不告诉你什么是反革命,不能犯流氓罪,但从来不告诉你什么是流氓罪,这次是不能发黄段子,但 是从来不告诉你什么是黄段子。我本将心照政府,奈何政府没标准,导致了有些朋友莫名其妙就触到了雷区,甚至有些五毛党都经常陷于拍个马屁结果审核没通过的 尴尬。…鉴于快到 新年,为了避免广大网友在转发各种短信的时候不幸被停机,导致年初一进派出所写保证书的悲剧发生,我决定牺牲自己,在这几天里,源源不断的转发各种黄段 子,直到我的手机被停机了,我再上来转告大家,到底什么叫做黄段子或者黄色信息。所以,最近接收到我的黄色段子或者色情短信的朋友们,请不要误会,我不是 在发春也不是要调情,我只是在探索。

Веста за суспендирањето на СМС функцијата на мобилните броеви го привлече моето внимание. Кога некој ќе прати или препрати непристојна шега или порака со сексуална содржина, пораката од тој мобилен број ќе биде суспендирана и сопственикот ќе мора да оди во полициска станица да потпише гарантно писмо со цел да му се реактивира сервисот. Нашата влада отсекогаш е ваква. Дава глагол и именка ама не објаснува што тие значат. На пример, никогаш не го објаснија значењето на контра-револуционерно. Друг пример е хулиганството. Овој пат е непристојна шега. Меѓутоа, што точно е непристојна шега? Владата не постави никаков стандард и ние сме втурнати во минско поле. Целата работа е многу збунувачка… Како што новата лунарна година наближува, со цел да ги спасам нетизените од замката и поминување на нова година во полициска станица, решив да се жртвувам себеси. Во наредните неколку денови, ќе праќам непристојни шеги се додека мојот број не е суспендиран. Потоа ќе ве известам што е значењето на непристојна шега. Доколку добиете непристојна шега од мене, не ме сфаќајте погрешно. Не флертувам, само истражувам.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.