Нов закон повикува забрана за „WhatsApp“ и Гугл за руските службеници

Social media aficionado Dmitry Medvedev and other Russian officials could face a ban on some online communications services. Images mixed by Tetyana Lokot.

Премиерот и редовен корисник на социјални мрежи Димитри Медведев и други руски јавни службеници би можеле да се соочат со забрана за онлајн комуницирање преку одредени сервиси. Фотографија креирана од Тетјана Локот.

Нов предлог-закон предложен во руската Дума (собранието) од страна на пратеникот од Комунистичката партија Вадим Соловјов предлага да на јавните и државните службеници им биде забрането користењето странски апликации за инстант-пораки, пребарувачи, дури и мобилни телефони.

Според Соловјов, голем број на руски службеници „во моментов користат софтвер (како што се интернет пребарувачи и апликации за размена на инстант-пораки) и комуникациски алати (како што се некои модели на мобилни телефони) преку кои странските разузнавачки служби можат доста лесно да добијат пристап до доверливи и  официјални податоци,” пренесува новинската агенција ТАСС.

Предлог-законот предлага амандмани на рускиот закон „На државните јавни служби во Руската Федерација,” имено на член 17 кој дефинира активности забранети за еден државен службеник. Соловјов предлага додавање на забрани за одредени софтвери и комуникациски технологии, иако предлогот експлицитно не наведува дали оваа забрана се однесува само на комуникации во врска со работата, или и на приватните комуникации на службениците.

Пользоваться программными продуктами или техническими средствами связи, которые могут использоваться для несанкционированного доступа к сведениям конфиденциального характера или служебной информации.

Да се [забрани] користењето [на] софтверски продукти или начини на комуницирање кои би можеле да бидат искористени за несанкциониран пристап до доверливи или официјални информации или податоци.

Текстот во предложениот предлог-закон не обезбедува листа од конкретни софтверски апликации кои би потпаднале под законот, туку предлага да таква листа биде одредена од одделна одлука/декрет од рускиот претседател. Самиот пратеник изјави за новинската агенција РБЦ дека неговите амандмани се насочени кон западните пребарувачи на интернет Гугл и Јаху!, како и WhatsApp (ВатсАп) апликацијата за инстант-размена на пораки.

Соловјов објасни дека оваа иницијатива била мотивирана од растечкиот број на сајбернапади на информациските системи користени од руските службеници и рече дека забранувањето на одредени апликации и комуникациски уреди би „помогнало многу во подобрувањето на безбедноста на доверливи и официјални информации.”

Повредувањето на законот за државни и јавни службеници (за кој Соловјов предлага амандмани) во моментов носи дисциплинарни и професионални репрекусии, но Соловјов верува дека оние кои ја прекршуваат оваа предложена норма и продолжуваат да користат странски комуникациски сервиси би можеле да се соочат со административна или дури и криминална одговорност, особено доколку нивната активност доведе до протекување на информации и закана за државната безбедност.

Леонид Левин, претседател на комитетот за информациски политики во Думата, изјави за новинската агенција РБЦ дека тој не гледа потреба за такви амандмани во законот. „Има закон за државни службеници, а специјалните сили имаат нивни сопствени насоки. Не гледам поента во дополнителна регулација,” наводно изјавил Левин.

На 16 ноември, рускиот пратеник Александр Агејев испрати молба руските служби за државна безбедност (ФСБ) да земат предвид ограничување на пристапот на руските корисници до апликацијата за размена на инстант-пораки Телеграм, тврдејќи дека апликацијата ја користат групи од ИД за координирање на нивните напади. Рускиот министер за комуникации Николај Никифоров не се согласи и рече дека властите не треба да ја блокираат Телеграм или други апликации за размена на пораки, туку треба да „ги идентификуваат и гонат оние кои се занимаваат со илегални работи.”

Во јули 2015, претседателот на рускиот комуникациски провајдер Мегафон, Иван Таврин, повика на построга законска регулатива за „WhatsApp“, „Viber“, и „Skype“ сервисите за размена на инстант-пораки. Во јуни 2015, Александр Жаров, претседателот на руската служба за надзор на медиумите Roscomnadzor (Роскомнадзор), предложи дека Русија треба да развие сопствен државен сервис за размена на инстант-пораки, среде општествен нагон за замена на странските добра и услуги со домашни производи и да се подобри националната безбедност на информациите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.