Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тунис: Арапските блогери ја дискутираат ситуацијата во Сирија

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија во 2011 година.

Сирија е во мислите и во дискусијата на многумина учесници на Третата средба на арапските блогери, која оваа недела се оддржува во Тунис. Веселото расположение предизвикано од револуцијата во Тунис и Египет, беше проследена со дискусија за Сирија, каде режимот го зголеми насилството, а бројот на жртви е околу 3,000 и многумина не можат да го видат крајот.

Неколку сесии во врска со Сирија, се одржаа на состанокот. Во среда блогерите го дискутираа влијанието на дигиталниот активизам во Сирија, фокусирајќи се на сиријската електронска армија, про-режимската хакерска група, која од неодамна е одговорна за изобличувањето на веб-сајтот на Универзитетот Харвард. Забележувајќи дека претседателот Башар Ал Асад и се заблагодари на електронската армија за нејзините напори, Амира Ал Хусаини искоментира: „БОЛНИ.“

Симбол, кој се користи од сиријските дигитални активисти за да го поттикнат крајот на репресијата

Еден сиријски учесник вели дека влијанието на дигиталните активисти во Сирија е „минимален“, цитирајќи друг, @weddady кој забележува дека „влијанието на интернет активизмот е ограничено на мобилизирањето на странските медиуми, тие не се организираат на копно.“

Дискусијата го допре прашањето за автентичноста, па некои Сиријци од внатрешноста на земјата ја нагласија легитимноста на гласовите од дијаспората, како што твитна @redrazan:

Третирање на гласовите на Сиријците во земјата, а не на оние во дијаспората, е доста смешно. #Syria

Цитирајќи анонимен сиријски учесник, @ahmed твитна:

Како сиријците во странство можат да им помогнат на демонстрантите? Постои ли начин да се направи тоа?#ab11

Блогерите исто така дискутираа, како може човек да се организира во Сирија, каде многу често протестите се распрснуваат, а слободата на движење е ограничена. @ahmed ги преведе и транскрибираше коментарите на сиријските учесници, наведувајќи ги тешкотиите за организирање, забележувајќи дека Сиријците „ги измислиле „летечките протести“: брзи, две минутни протести, кои се снимени и прикачени.“

Сирија ми го крши срцето

Утрото во четвртокот, еден од сиријските учесници, кој неодамна поминал малку време во земјата, одржа говор за ужасната ситуација во земјата, поттикнуваќи го јорданскиот блогер Насем Таравна (@Tarawnah) да забележи:

Рацете долу, #Syria беше најемоционалната тема на #AB11, и како Јорданец, ми го крши срцето. #BlessSyria

Цитирајќи го говорникот, Таравна исто така пишува дека по 7 месеци „ниту една опозициска група  не покажала способност да го скрши режимот“ и прашува: „Каде одиме одтука?“

Сиријско-шпанската блогерка Лејла Начавати исто така го цитираше говорникот, објаснувајќи:

Сиријскиот учесник ги објасни начините на кои сиријската влада се обидува да го потпали секташтвото, за да предизвика граѓанска војна.

Иако ситуацијата е ужасна, сиријскиот говорник даде надеж за време на дискусијата. Според Лилијан Вегди, блогерот исто така објаснува дека единствената надеж за Сирија е успешниот крај на египетската револуција и дека Сиријците „не треба да живеат еден покрај друг, туку еден со друг“

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.