- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тунис: Повикот на протестантите одекнува ширум светот

Категории: Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Данска, Египет, Индија, Иран, Канада, Либан, САД, Тајван, Тунис, Холандија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Најважни вести, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Плачот на Тунижаните, што протестираат против корупцијата и невработеноста во изминативе две недели, добива во интензитет на светската мрежа (World Wide Web). Интернет активисти од целиот свет се собираат да ги поддржат и да ги пренесат нивните повици.

Сè започна кога невработен човек се самозапали [1] во знак на протест против неговата невработеност во Сиди Боузид [2]. Според Лос Анџелес Тајмс [3]:

Смртта предизвика насилен судир помеѓу младите демонстранти и полицијата што резултираше со смрт на осумнаесетгодишник, откако членови на Националната гарда отворија оган на бесните протестанти во едно гратче во близина, два дена подоцна.

Понатамошни маршеви и протести се проширија подоцна во главниот град и градовите Сфакс, Сус и Мекнаси.

Ања Ковач, од Индија, беше во право. Таа објави на Твитер: [4]

Тунис беше сведок на вистински револт изминативе неколку недели, но надвор од Средниот Исток, тоа едвај беше објавено. Зошто? http://bit.ly/he2Let [5] # [6]sidibouzid [6]

Таа додава [7]:

За да дознаете повеќе за случувањата во #Тунис [8] и постојано да добивате нови информации, следете ги @ifikra [9], @weddady [10], @nawaat [11], # [6]sidibouzid [6]

Египќанецот, Ваел Нофал, поставува слично прашање во овој пост на Твитер [12]:

@stephenfry [13] Следите ли што се случува во #Сиди Боузид [14] #Тунис [8] ? Чудно е тоа што западните медиуми го свртија погледот оттука, за разлика од случајот со #Иран [15] минатата година

И ДанерсБ, којашто го поминува своето време во Бејрут, Дубаи и Монтреал, забележува [16]:

Вечен оптимист! @dr_davidson [17]: Суровоста од страна на деспотот на #Тунис [8], #Бен Али [18], може да биде основа за случувањата во #Арапскиот [19] свет следната деценија.

Од САД, HarvardDr, споменува [20] пак, друг податок во врска со Иран – што овој пат се однесува на крајот на ерата на Шахот. Тој пишува (арапски):

مثل شاه ايران اسياده تخلوا عنه: فرنسا تقول: بن على فقد الاتصال بالواقع! تونس حرة السراق برة تونس حرة ليلي برة #sidibouzid [6] #tunisia [21] #tunisie [22]
Исто како Шахот на Иран, кого го откачија неговите господари: Франција вели: Бен Али изгуби контакт со реалноста! Тунис е слободен! Крадецот треба да си замине! Тунис е слободен! Лејла (се однесува на сопругата на Бен Али) треба да си замине!

Од Вашингтон, Пријанка Џозеф е запрепастена од ѕидот на тишина. Таа пишува [23]:

Некој го снима Кундера [24]. Срања се случуваат во #Тунис [8], а ниту збор за тоа на вестите овде (што не изненадува), ниту пак, на TTrends/моја временска зона.

Ен Екстен, од Данска, забележува [25]:

Владата на #Тунис [8] одговара на мирниот протест со муниција, безбедносна опсада, насилство http://goo.gl/rnL0p [26] /@Elicoopter_mid [27] @RamyRaoof [28]

И од Холандија, Марк додава [29]:

„Не сме задоволни од политиките во Тунис, не сме задоволни со ништо- не е само невработеноста“.#Тунис [21]

Египетската писателка Мона Елтахави ги поттикнува [30] нејзините колеги во медиумите храбро да се спротивстават:

Пријатели, особено вие што сте поврзани со медиумите, ве молам објавувајте на Твитер за #Тунис [8] и #Сиди Боузид [31]. Да го поддржиме отпорот на Тунижаните!

И Хишам Касем, исто така од Египет, е збунет [32]:

رئيس إسرائيل السابق ادين منذ قليل بتهمة التحرش بموظفه في مكتبه وزين العابدين بيتحرش بتونس كلها #Сиди Боузид [31] #Тунис [8] وماحدش قادر يحاسبه
Пред некој момент, поранешниот израелски претседател беше обвинет за малтретирање на работничка во неговата канцеларија, а Заиналабдин го малтретираше цел Тунис, а никој не е способен да го натера да даде отчет.

Во меѓувреме, Портној, од Тајван се прашува [33]:

Што се случува во Тунис? #Тунис [21]

За повеќе објави на Твитер за Тунис, проверете ги врските #Тунис [34] и #Сиди Боузид [6]