Плачот на Тунижаните, што протестираат против корупцијата и невработеноста во изминативе две недели, добива во интензитет на светската мрежа (World Wide Web). Интернет активисти од целиот свет се собираат да ги поддржат и да ги пренесат нивните повици.
Сè започна кога невработен човек се самозапали во знак на протест против неговата невработеност во Сиди Боузид. Според Лос Анџелес Тајмс:
Смртта предизвика насилен судир помеѓу младите демонстранти и полицијата што резултираше со смрт на осумнаесетгодишник, откако членови на Националната гарда отворија оган на бесните протестанти во едно гратче во близина, два дена подоцна.
Понатамошни маршеви и протести се проширија подоцна во главниот град и градовите Сфакс, Сус и Мекнаси.
Ања Ковач, од Индија, беше во право. Таа објави на Твитер:
Тунис беше сведок на вистински револт изминативе неколку недели, но надвор од Средниот Исток, тоа едвај беше објавено. Зошто? http://bit.ly/he2Let #sidibouzid
Таа додава:
За да дознаете повеќе за случувањата во #Тунис и постојано да добивате нови информации, следете ги @ifikra, @weddady, @nawaat, #sidibouzid
Египќанецот, Ваел Нофал, поставува слично прашање во овој пост на Твитер:
@stephenfry Следите ли што се случува во #Сиди Боузид #Тунис ? Чудно е тоа што западните медиуми го свртија погледот оттука, за разлика од случајот со #Иран минатата година
И ДанерсБ, којашто го поминува своето време во Бејрут, Дубаи и Монтреал, забележува:
Вечен оптимист! @dr_davidson: Суровоста од страна на деспотот на #Тунис, #Бен Али, може да биде основа за случувањата во #Арапскиот свет следната деценија.
Од САД, HarvardDr, споменува пак, друг податок во врска со Иран – што овој пат се однесува на крајот на ерата на Шахот. Тој пишува (арапски):
Од Вашингтон, Пријанка Џозеф е запрепастена од ѕидот на тишина. Таа пишува:
Некој го снима Кундера. Срања се случуваат во #Тунис, а ниту збор за тоа на вестите овде (што не изненадува), ниту пак, на TTrends/моја временска зона.
Ен Екстен, од Данска, забележува:
Владата на #Тунис одговара на мирниот протест со муниција, безбедносна опсада, насилство http://goo.gl/rnL0p /@Elicoopter_mid @RamyRaoof
И од Холандија, Марк додава:
„Не сме задоволни од политиките во Тунис, не сме задоволни со ништо- не е само невработеноста“.#Тунис
Египетската писателка Мона Елтахави ги поттикнува нејзините колеги во медиумите храбро да се спротивстават:
Пријатели, особено вие што сте поврзани со медиумите, ве молам објавувајте на Твитер за #Тунис и #Сиди Боузид. Да го поддржиме отпорот на Тунижаните!
И Хишам Касем, исто така од Египет, е збунет:
Во меѓувреме, Портној, од Тајван се прашува:
За повеќе објави на Твитер за Тунис, проверете ги врските #Тунис и #Сиди Боузид