- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јапонија: Расте новата знаменитост „Небесното дрво на Токио“

Категории: Источна Азија, Јапонија, Граѓански медиуми, Развој, Уметност и култура

2011-та година во Токио започна со сончево сино небо и претставуваше совршен ден за обележување на почетокот на една целосно нова година. Јапонците имаат обичај да бидат во допир со нешта кои влеваат надеж за време на новогодишните празници, како на пример, подготвуваат посебни специјалитети каде јадењата и состојките имаат некакво значење поврзано со способностите со коишто тие сакаат да се здобијат, го набљудуваат изгревањето на сонцето на новогодишното утро со цел да добијат благослов од сонцето или се молат за добра година во храмовите или светилиштата.

Оваа година, Јапонците уживаа во нова „среќна икона“.

Тоа е Токиското небесно дрво [1]. Ова „дрво“ е кула којашто ќе „расте“ 634 метри во висина и ќе стане највисоката кула во светот до декември 2011 година. Оваа кула главно има три улоги. Прво, да биде знаменитост во источно Токио и да го поттикне туризмот. Второ, да биде новата антена на земјениот систем за дигитално емитување. Трето, да изгради подобра инфраструктура за информирање, подготовка и помош во случај на природни катастрофи, што е многу важно во земја како Јапонија каде што се случуваат голем број земјотреси во текот на годината. Сега кулата е 530 метри висока и расте ден за ден, а жителите на Токио се радуваат на „растењето“ на дрвото. Подолу, можете да видите како луѓето се грижат за Дрвото.

[2]

あけましておめでとうございます。2011年1月1日元旦の「東京スカイツリー」です。薄い雲はありますが元旦から晴れました。

Среќна нова година! Ова е Токиското небесно дрво на првиот ден од новата 2011 година. Имаше малку облаци, но беше сончево на првиот ден од оваа година.

[3]

Овие две фотографии се од блог насловен “Панорамско разгледување на Токиското небесно дрво од фиксна точка [4] (東京スカイツリー定点観測所)”, каде што авторот скоро секој ден поставува фотографии од Кулата уште од почетокот на изградбата.

2008年3月23日の「東京スカイツリー」の建設現場です。この頃はまだ名称が決定しておらず

Ова е градилиштето на Токиското небесно дрво на 23 март 2008 година. Во ова време, сеуште не беше одредено името на Кулата.

Да се вратиме на приказната во која кулата се смета за среќна икона, со неколку изјави на блогери во врска со тоа какво значење и придаваат тие на кулата набљудувајќи ја на првиот ден од новата година.

Блогерот на Dankai-jin [5] изјавил:

お昼頃になって再度ベランダに出てみました。そして先ほどの高い塔を確認したら、やはり建造中のスカイツリーでした。わが家のベランダからスカイツリーが 眺望出来るとは思ってもいませんでしたので、正月から縁起の良い大発見でした。現在の塔の高さは539mとのことで、これからあと1年ほどで約100m伸 長して634mの世界一の電波塔が完成する予定になっています。これからはわが家のベランダから完成までの偉業を見守っていきたいと思います。

Околу пладне, излегов на балконот и погледнав кон високата кула којашто ја видов изутрината. Тоа беше Небесното дрво во изградба. Мислев дека нема да можам да го гледам Небесното дрво од мојот балкон, па бев среќен што го открив тоа на овој прв ден од новата година. Во моментов е 539 метри висока, а ќе биде 634 метри за околу една година со што ќе стане највисоката телевизиска кула во светот. Од мојот балкон, ќе гледам како се остварува овој огромен подвиг.

И Yokohaman Nikki [6] ги испраќа своите честитки:

明けましておめどうございます。東京スカイスリーが、閉塞感に満ちたいまの社会で、大空に伸びゆく姿が、希望と夢を分かち与えてくれると思い、新年最初の写真としました。

Среќна нова година. Бидејќи сметам дека ликот на Небесното дрво, кое се извива високо во широкото небо ни дава надеж и сон во ова општество во застој, ја поставувам оваа фотографија на мојот блог како прва оваа година.

Исто така и T.N.T.-SHOW [7], кој го посетил Sensō-ji [8], еден од најпознатите храмови во Јапонија вели:

浅草寺へ行く途中、新東京タワーの近くを通りました。
スカイツリーの名の通り、巨大な構造物は晴れた元日の空にそびえ立っていました。
浅草寺の近くからもその姿が見え、たくさんの参拝客が記念撮影に興じています。
構造的に日本古来の建築である五重塔の構造を参考にしたと言われる塔ですが
その外観はあまりに異なります。
一年前、通勤途中の電車から見たスカイツリーは今の半分くらいの大きさでした。
それが今ではこの威容です。日本の建築技術も捨てたものではありませんね。
今年の日本の行く末はまだ霧の中ですが希望が持てると思えてきます。

На патот кон храмот Sensō-ji, поминав покрај новата кула во Токио. Огромната градба стоеше високо исправена во сончевото небо на првиот ден од новата година, точно како нејзиното име, Небесно дрво. Бидејќи може да се види од храмот Sensō-ji кој што е во близина, многу посетители ја фотографираа кулата. Се вели дека кулата е проектирана според традиционалната петкатна пагода, но изгледа сосема поинаку. Пред една година, кога го гледав Небесното дрво од возот на пат кон моето работно место, тоа беше половина отколку што е сега. Погледнете ја оваа цврста импресивна фигура! Јапонската архитектонска технологија сеуште има многу што да понуди. Иако иднината на Јапонија е неизвесна, чувствувам дека кулата ни овозможува да се надеваме.

Туризмот и Небесното дрво

Покрај овој надежен аспект, постои и деловен аспект на кулата. Особено луѓето сакаат да добијат целосна корист од изградбата за оживување на областа околу подножјето на Дрвото. Пред тоа, оваа област била индустриска зона и имало многу производствени фабрики една до друга, но бидејќи тие мали и средни претпријатија денес се во опаѓање, областа постепено ја губи својата активна атмосфера и се доближува до статус на град на духови.

Како матично тло на Дрвото, се разбира, кулата се користи како туристички ресурс.

Tarobe Morita [9] ја претстави порцијата ориз.

[10]

ご近所グルメ すみだ《そば処かみむら》名物「タワー丼」。東京スカイツリーは、514mになった。テレビや雑誌でおなじみの、スカイツリー近くの《そば処かみむら》へ行く。話題のタワー丼に挑戦。特大エビの天ぷら3本にかき揚げを、スカイツリーに見立てたもの。スカイツリー関連食べ物の元祖である。

Гурманот од соседството во општина во Сумида е готвач од ресторанот Соба Камимура! Одев во Соба Камимура, сега познат на телевизија и во списанијата, за да ја пробам познатата „чинија Кула“. Има 3 огромни морски ракчиња темпурас [11] и мешан зеленчук приготвени да личат на Небесното дрво. Тоа е оригинална „порција Небесно дрво“.

[12]

Kimama na Jikan [13] проба парфе.

歩き疲れたら、ちょっと休みたいですよね。ちょっと甘いものなんて嬉しいと思います。
そんな時にこちらはどうでしょう。東武橋の所にある「さくらcafe向島」さんです。外でソフトクリームも食べられますが・・・お隣のテーブルに運ばれて来たのは・・・
まさしく、あのスカイツリーパフェです。高く聳え立つツリーの如く。。。すごい。みんなが写メ撮らせてもらってました。

Да се одмориме ако сте уморни од одење. Би било фино да пробаме нешто слатко. Што мислите за ова бифе? „Сакура бифе Мукоџима“, близу мостот Тобу-баши. Внатре продаваат сладолед, но она што го пробавме ние беше… да, познатото „Парфе Небесно дрво“! Исправено е исто како Небесното небо… Супер! Многу луѓе побараа да го фотографираат.

Слаткото високо Парфе изнесува 634 мм исто како вистинската Кула, којашто ќе биде 634 м висока.

Има сè повеќе примери на колекции кои ја користат кулата како симбол, како и православните коишто ја користат како приврзок за клучеви и разгледници. Има и боксерки Небесно дрво и пиво во конзерва обвиткано со слика од Кулата, и уште многу други сувенири кои можат да се видат на блогот на фановите на Токиското небесно дрво [14].

Завршувањето на Токиското небесно дрво е закажано за на крајот од 2011 година и Јапонија го очекува првиот ден да го „наводни“ сосема новиот симбол на Токио. Начинот на „наводнување“ ќе биде различен за секого, некои ќе го фотографираат, некои ќе се искачуваат на врвот на кулата, а други, пак, ќе измислат нови начини на наплата поврзани со Небесното дрво за да го прослават големиот труд.

Овој посебен историски момент е сè поблизу и поблизу!