- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Украина: Порозна граница

Категории: Популарен напис, Западна Европа, Источна и Централна Европа, Велика Британија, Украина, Бегалци, Економија и бизнис, Етничка припадност и раса, Закон, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Миграција и имиграција, Политика, Работа, Човекови права

Во вторникот, украинскиот новински веб-сајт Korrespondent.net објави превод на неодамнешната сторија на Марк Франшети во Сандеј Тајмс за Украинските порозни граници и нелегалната миграција.

„Британија е цел на Украинскиот шверц со луѓе“ вели насловот на написот. „Бидејќи повеќето гранични контроли во Источна Европа повеќе ги нема, шверцот на луѓе стана лесен бизнис во Украина.“

Написот на англиски јазик [1] доби 16 коментари од читатели, додека преводот на руски доби 88 коментари.

Иако многумина читатели признаа дека проблемот со илегалното мигрирање постои во Украина и дека корупцијата кај граничарите и други службеници во голем степен придонесува за тоа, повеќето од нив беа многу задоволни поради написот на Франшети. Многумина беа навредени од првата реченица, во која се опишуваше анонимен украински шверцер на луѓе, кој „џвака парчиња свинско сало во неговата куќа која се наоѓа на помалку од две милји од границата со Словачка,“ и „џвака со уста полна златни заби“.

Еве еден коментар, кој во голема мера ја опишува првичната реакција на останатите читатели:

[…] Што се однесува до салото [2] и златните заби – така не замислуваат нас (Украинците). Доколку написот беше за руско-финската граница, тогаш во приказната ќе станеше збор за руските чизми валенки [3] и музичкиот инструмент балалајка [4]. […]

Првиот коментар, кој се појави за помалку од десетина минути по објавувањето на преводот, го отсликуваше гневот од про-западниот став на претседателот Виктор Јушченко:

Во Европа не гледаат како дивјаци, а ние верно продолжуваме да им ги лижеме задниците. Продолжете така, „портокаловци“.

Друг читател прашуваше за заложбите на Јушченко да го намали одливот на работна сила од Украина:

Дали Јушченко направи нешто во врска со отворањето на нови работни места во Украина? Се сеќавам дека нешто се зборуваше за тоа за време на изборите во 2004.

Иако некои незадоволни читатели автоматски заклучија дека британскиот новинар бил поткупен да ја напише оваа статија, имаше и други кои беа поразумни:

Олег: Не верувам дека оваа статија е нарачана – на кого би му требало тоа? Ние не и требаме на Европа, нив и онака не им е гајле за нас. Иако можеби поентата е Европјаните да се чувствуваат повеќе непријателски настроени кон Украина и да ги зајакнат граничните контроли. […]

Нормално, се случи барем една размена помеѓу читател кој „боледува“ од носталгија по Советскиот сојуз и еден реалист:

Киевлианин:

Срамота… Немаше ништо слично во СССР, и немаше причина да се влечкате по Западот кога постоеше Железната завеса; сепак имавме некаков просперитет пред да се случи колапсот во времето на Горбачов. Сега луѓето се подготвени да им ги дадат последните пари на украинските службеници за да можат да работат како мијачи на садови во рестораните на Мекдоналдс во Полска.

Ахимас:

Во СССР, би ве застрелале на границата без многу размислување, и токму затоа немаше многу луѓе кои би ја преминале границата (иако имаше некои очајни). Не го сфаќајте премногу сериозно овој напис, затоа што новинарот не би можел да разликува Полјак од Украинец, а таму ги има многу такви. Словените, како и Арапите, не се баш добредојдени таму, дури и милијардерот Роман Абрамович [5] не може да изгради позитивен публицитет.

Неколку читатели истакнаа дека не може само Украина да биде одговорна за масивната илегална миграција на работна сила:

Макс:

Тврдењето дека Украина е главниот снабдувач со имигранти на Велика Британија е чиста глупост. Каде е Украина, а каде е Велика Британија? И како тие (не-украинските илегални имигранти) стигнуваат тука од Москва? Можеби Москва е главниот снабдувач на имигранти? Што е со останатите земји преку кои имигрантите стигнуваат до Британија – дали тие не се одговорни?

Њусаш:

Граничарите ќе ја разберат сложеноста на ситуацијата доколку парите кои се трошат за депортација се одземат од нивниот буџет – во тој случај „бумот“ веднаш ќе прекине. Европската унија исто така има доволно добра мотивација за силна гранична контрола. Значи, оваа приказна беше напишана за да ги заплаши британските мамички… П.С. Она што е навистина потребно е погранична регулатива со Русија, бидејќи тука е всушност вистинската ДУПКА. Луѓето таму дури не треба ништо да средуваат, може слободно да трчаат наваму натаму колку сакаат.

Еве уште еден предлог за тоа што треба да се направи за да се подобри влошената ситуација со украинската граница – како и забелешка која поттикнува одреден оптимизам, посочувајќи дека игнорирањето на илегалната миграција може наскоро да стане непрофитабилно за украинските службеници:

Александр:

Треба да се отпуштаат службениците и сите други лица што ќе бидат фатени додека пренесуваат луѓе преку граница или се занимаваат со друг вид на нелегален бизнис, и треба да добијат високи затворски казни. Но за тоа би ни требало владеење на правото во оваа земја – нешто што го немаме. И нешто што нема наскоро да го имаме.

[…] Сега, откако Украина и ЕУ го потпишаа договорот за реадмисија, Украина е одговорна за покривање на сите трошоци за престојот и екстрадицијата на сите што влегле нелегално од Украина во ЕУ. На пример, доколку половина од граѓаните на Кина влезат во ЕУ преку Украина, Украина ќе мора да ги плати сите трошоци за екстрадиција. […]

Конечно, неколку коментари од двајца читатели кои се чини дека имаат информација од прва рака за бизнисот со шверц на луѓе во Украина:

Саша Ужгород:

[…] Прекинав со тој бизнис пред четири години. […] Ќе почнам со цените. Сите пресметки се правеа во долари на почетокот, а сега се во евра. Нема да ги наведам специфичните цени, но оние што се наведени во написот дефинитивно не соодветствуваат со оние што ние ги наплатуваме. Водичи најчесто беа самите граничари, имаше и ренџери и ловци (тие се поевтини) – но не мали деца („момчиња“, како што се вели во написот на Сандеј Тајмс). Вистина е дека има многу смртни случаи на границата, особено во текот на зимата. Што се однесува до тоа кој го контролира бизнисот, тоа не се криминални банди туку полицајци заедно со Службата за безбедност на Украина. Јас си заминав кога тие ја презедоа контролата врз бизнисот. Што се однесува до типот кој го напиша ова, сигурно зборувал со некој пијаница во некој бар, некој кој наслушнал само дел од тоа што всушност се случува, но некој кој не е вистински водич. […]

111:

[…] Мојата работа неколкупати ме доведе во контакт со лица вмешани во шверц со луѓе низ Европа. Таму немаше малолетни лица, зелените (граничарите) беа водичи, како и ренџерите и ловците, Саша е потполно во право. И само локалните војници – гуштери се плашат да учествуваат. […] Луѓето од источна Украина и Киев доминираат во бизнисот, а мештаните се вклучуваат само затоа што го знаат теренот околу границата. Овој бизнис го контролира полицијата и Службата за безбедност на Украина, бидејќи сепак се работи за голем бизнис. […]