- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Зошто продолжуваат силувањата и сексуалното насилство

Категории: Јужна Азија, Индија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Жени и род, Протест, Технологија, Човекови права

„Нема да заборавам што се случи на овој ден, пред една година“

Ова видео [1] беше објавено од Video Volunteers [2] на 16 декември, 2013 во спомен на Нирбхаја која загина во 2012 како жртва на Групното силување во Делхи [3]. Овој инцидент беше единствениот кој беше осуден од 706те пријавени случаи на силување во Делхи таа година. Статистиките покажуваат дека во Индија на секои 22 минути една жена е силувана, а стапката на осуди за силување е 25%.   

Ова видео поттикнува интересни дискусии за причините зошто продолжуваат силувањата и сексуалното насилство.