- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Франција: НВО ја осудуваат приватизацијата на содржини од јавен домен

Категории: Западна Европа, Франција, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Книжевност, Медиуми и новинарство, Музика, Протест, Развој, Слобода на говор, Технологија, Уметност и култура, Филм, Фотографија

Седум европски асоцијации за слободна култура објавија соопштение [1] изразувајќи протест против јавно-приватното партнерство помеѓу Француската Национална Библиотека (БНФ) и компанијата за бази на податоци Проквест [2], чија цел е да дигитализираат голем број дела што се во јавен домен (со истечени авторски права) и да ги приватизираат со право на ексклузивна комерцијализација на период од десет години. Активистот Филип Егрен ја објасни [2] „генеологијата на оваа катастрофа“ на неговиот блог.

Забелешка: Сите линкови во постов водат до содржини на француски јазик.