Мексико: Пејач обвинет за силување се брани со Твитер

Минатата недела, 28 годишен поп пејач познат како Калимба беше обвинет за силување на две малолетни девојки.

Девојките биле ангажирани за една вечер во бар како модели. Тие одлучиле да не наплаќаат за нивната работа затоа што сметале дека е доволно тоа што настапуваат заедно со познатиот пејач. По настанот, девојките заминале во хотелот на пејачот, каде што се случило наводното силување.

Во Мексико, секс со малолетник е казниво со закон.

Следниот ден, девојките се вратиле на аеродромот со пејачот.

Мексиканците за приказната имаат различни мислења: Некои веруваат дека девојките го искористуваат пејачот за да бидат славни и да добијат пари; други мислат дека девојките се само жртви на славниот пејач кој мисли дека може да има што ќе посака.

Microphone image by Flickr user ganatronic used under a Creative Commons Attribution-Share Alike license

Фотографија од микрофон од Flickr корисникот ganatronic, користена под Криејтив комонс лиценца Наведи извор-Сподели под исти услови

(@KalimbaMX) Во неодамнешните изјави ги спомна неговите молитви и неговата верба и лојалност кон Бога:

Independientemente de lo que pase, gracias a todos lo que creen en la verdad. DIOS los bendiga. Seamos fuertes en oracion. Be blessed.

Што и да се случи, им благодарам на сите што веруваат во вистината. Бог да ве благослови. Да бидеме силни во молитвата. Бидете благословени.

Es gran error humano creer que DIOS te abndona en los problemas y nos deja solos. No es hipocrecia, es fe! Conozco a mi DIOS. Be blessed

Голема човечка грешка е верувањето дека господ те оставил кога се соочуваш со проблеми и дека си сам. Тоа не е лицемерие, тоа е верба! Го познавам мојот Господ. Бидете благословени

Неговите фанови исто така преку Твитер го опишуваат, како Монсерат Сотело (@BarbieMonse) и Кенја Алварес(@Jeiimyy):

kalimba stamos contigo animo amigo hechale ganas ya sabes q estas 2chicas solo kieren hacer pedazos tu vida y tu carrera tqm ….

калимба со тебе сме, биди силен пријател, знаеш дека тие девојки сакаа само да ти ја уништат твојата кариера и живот. Те сакам…

Други корисници на Твитер се разочарани дека случајот добива се поголемо медиумско и јавно внимание. Ce (@csita22) твита:

Entre si soy acuario o no, y si kalimba es culpable o no, casi me distraigo de lo realmente importante… Que voy a hacer por mi pais hoy??

Запрашувајќи се дали јас сум водолија или не и дали Калимба е виновен или не, јас скоро сум расеан од тоа што е навистина е важно… Што можам да сторам за мојата земја денес??

In a similar tone, El Silenciero (@ElSilenciero) [es] condemns that the media is reporting more on Kalimba's case than on the murder of poet and activist Susana Chavez.

Блогот Hazme el Chingado Favor ја спореди [шпански] целата ситуација со сапунска опера:

La telenovela nacional esta dominada últimamente por la historia de Kalimba que es acusado de violar a dos menores de edad. Sobra decir que para este tipo de noticias nos pintamos solos con chistes

Националната сапунска опера доминира со приказната на Калимба, обвинет за силување на две малолетни девојки. Непотребно е да се каже, за ваков тип на вести способни сме да измислиме илјадници шеги.

Конечно, Феликс Ривера во колумната “Sexo Ilícito” (Незаконски секс) на Vanguardia, ја изрази својата загриженост за вестите, поканувајќи го мексиканското општество да го суди овој случај на фер начин:

En todo caso, Kalimba no se ha cansado de declararse inocente. Y aunque el público prefiera la “versión picante” en la que todos se lo imaginan sosteniendo relaciones sexuales con dos muchachas ebrias, también cabe la posibilidad de que efectivamente no haya sucedido nada. En todo caso, lo más importante es que esta situación se resuelva con justicia y que si de todos modos alguien resulta culpable, se pague el delito conforme a la ley.

Во секој случај, Калимба не се откажува и секогаш вели дека е невин. И додека јавноста ја преферира „зачинетата верзија“ во која го замислуваат како има секс со две пијани девојки, исто така можно е да се нема случено ништо. Во секој случај, најважната работа е дека ситуацијата ќе биде решена со праведност и ако некој е виновен, тој/таа ќе плати за тоа според законот.

Калимба одрекува дека ги силувал двете малолетнички. Ако пејачот биде прогласен за виновен од страна на мексиканските власти, тој ќе биде осуден на казна затвор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.