- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Спортски новинар протестира поради малтретирање

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Македонија, Шпанија, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Спорт, Човекови права
Ticket for 2013 World Men's Handball Championship for Barcelona, Spain [1]

Билет за Светското првенство во ракомет за мажи 2013 од блогот на Филевски. Фотографијата е објавена со дозвола.

Истакнатиот македонски спортски новинар Игор Филевски [2], кој работи како дописник од Шпанија, преку неговиот блог објави [3] дека веќе нема да го покрива домашниот спорт во знак на протест против молчењето на неговите колеги и надлежните институции. Тие настојчиво го игнорираат малтретирањето кое тој го поднесува заради известувањето за проблемите во Ракометната федерација на Македонија, меѓу кои непотизмот и неодамнешниот заташкан скандал со неорганизиран превоз на репрезентацијата [4] на Светското првенство во ракомет за мажи [5] во Севилја и Барселона.

Филевски укажа [3]дека во последните неколку недели добивал закани по живот од функционери преку интернет [6]и од членови на македонската делегација на самиот настан. Досега беа објавени само две изјави на загриженост, првата од ЗНМ (en [7], mk [8], sq [9]), а втората од активистот и експерт за медиуми Петрит Сарачини [3], кој напиша [3] дека „демократското“ молчење наместо јавна осуда и оставки покажува каква е состојбата со слободата на медиумите во земјата, како резултат на десничарско владеење и „преродување“ на медиумскиот простор кое од 2006. влијае на сите пори на општеството.