- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Граѓани бараат од државната информативна агенција да запре со манипулациите

Категории: Источна и Централна Европа, Северна Америка, Македонија, САД, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Политика, Слобода на говор, Човекови права

Преку новата иницијатива против медиумски манипулации на МИА [1], односно државната Македонска информативна агенција [2], активисти ги поттикнуваат граѓаните да го изразат своето незадоволство преку е-пошта до агенцијата.

Според блогот, акцијата ја предизвикал последниот пример за бесрамен спин (mk [3], en [4]) кога дописникот на МИА ја извртел изјавата на американскиот дипломат Филип Рикер [5] за разочараноста од балканските лидери, да изгледа дека се однесува на македонската опозиција. Рикер тоа го демантирал во изјава [6] за критичкиот портал Либертас, објаснувајќи дека алудирал на лидери кои се на власт и се оддалечуваат од демократијата. Либертас тврди и дека Владата и МИА не дале одговор на нивното барање за коментар.