- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Азија: Прославување на 7 милијардитото дете

Категории: Јужна Азија, Бангладеш, Индија, Шри Ланка, Граѓански медиуми, Жени и род, Меѓународни односи

На 31 октомври, 2011, земјата го пречека новороденото дете по име Оиши [1]. Нејзиното раѓање во главниот град на Бангладеш, Дака, донесе посебна порака- таа е 7 милијардитото дете во светот.

The Editor.net пишува [2]:

Седмиот милијардити жител во светот е овде во Дака. Среќните родители на детето се Мохсин Хосаин и Тони Хосаин. Тие се надеваа за син како трето дете. Ова трето дете е седмото милијардито дете (симболично) за светот.

Убавото девојче беше родено во 12:01 после полноќ во раните часови во Болницата за грижа за мајки и деца Азимпур.

Многу е тешко да се определи точно кое е 7 милијардито дете, па симболично славење се случува низ светот. УНФПА одлучи Оиши да ја има честа во Бангладеш.

Веб-сајтот додава:

Раѓањето беше прославено јавно- со торта и свеќи. Болницата беше пренатрупана со луѓе кои се собраа да фрлат поглед на детето. Спонзорирано од програмата за 7 милијардна акција, оваа програма беше јавен настан.

Поша Паки на групниот блог Somewhereinblog.net ги изнесе вестите во објава со наслов „7 милијардитото дете беше родено во Дака” [3]. Постот привлече многу коментари:

Јоурно [4] рече:

Добредојде 7 милијардито дете од Бангладеш. Се надевам дека таа ќе живее како просветлена личност.

Митхапур [5] му посака најдобро на детето и се сомневаше во изборот шегувајќи се:

Eдно прашање: Како тие проценија дека таа е 7 милијардитата

Ако на линијата се чита-

Седумте милијарди (наместо седум милијардитиот) деца во светот родени во Дака

Може да се случи еден ден, нели?

Атиќ [6] не ја гледа разликата помеѓу 7 милијарди и 7 милијарди плус еден:

Не ја разбирам сета врева околу бројките 7 милијарди и 7 милијарди плус еден.  Зошто толку голема дискусија за ова? Секој е роден со број секој ден.

Мои молитви за секој од нив.

Иако светот наздравува за роденденот на Оиши, тоа толку многу не ги развесели нејзините родители. Бидејќи Оиши е женско. Нејзините родители сакаа момче овој пат [7] (првите две се женски).

Sri lankan mother Danushika Perera cuddling her newly born baby [8]

Мајката Данушика Перера од Шри Ланка го милува нејзиното новородено бебе. Слика од Рохан Карунаратне. Авторски права Демотикс (31/10/2011)

Не само во Бангладеш, слични прослави се случија во многу земји ширум светот [9]. Во Шри Ланка УНФПА го прослави раѓањето на Мутумани, женското дете на Ишара Мадушанка и Данушика Дилани Перера [10].

Слично во Индиjа, План Интернешнл го прослави раѓањето на Наргис [11] како 7 милијардитото дете во светот.

LiveIndia.Com [12] пишува:

Во Лукнов, главниот град на Утарпрадеш во државата Индија, женско бебе со име Наргис беше симболичното седум милјардито дете кое се роди за време на раните понеделнички часови. Таа беше именувана Наргис.

Иако зголемениот број на  популацијата во светот се гледа како повик за будење на светот, Мутхумани, Оиши и Наргис ни пренесуваат порака дека женските деца не треба да бидат запоставени во иднина.