Најава на Мрежата „Технологија за транспарентност“
Интернет технологиите им овозможуваат на владите нови можности за надгледување на нашата комуникација, интернет активност па дури и микрофоните на нашите мобилни телефони. Меѓутоа интернетот на граѓаните им овозможува и нови алатки и тактики за да ги држат одговорни избраните пратеници, да се зголеми транспарентноста во владата и да се промовира пошироко и пораспространето граѓанско учество.
Rising Voices, иницијатива за обуки за граѓански медиуми и проект на Global Voices Online, создаде нова интерактивна веб локација и глобална мрежа на истражувачи за да ги мапира онлајн технолошките проекти кои имаат за цел да промовираат транспарентност, политичка одговорност и граѓанско учество во Латинска Америка, Субсахарна Африка, Југоисточна Азија, Јужна Азија, Кина и Централна и Источна Европа. Во наредните три месеци осум истражувачи и осум рецензенти ќе документираат најмалку 32 примери од најиновативните проекти за користење технологија за транспарентност надвор од Северна Америка и Западна Европа. Преку детално документирање и евалуирање на секој проект преку стандардна методологија ќе се цели да се добие подобра слика за кои тактики, алатки и совети се најефективни при 1) овозможување на владини информации слободно достапни за јавноста на разбирлив начин, 2) политичките и корпоративните лидери да бидат отчетни на законот и нивните предизборни ветувања, и 3) промовирање на граѓанско учество со цел поголем и порепрезентативен дел од граѓаните се вклучени во креирањето политики и политички процеси.
Наредните три месеци се надеваме дека ќе најдеме конкретни одговори на следниве прашања: Дали проектите кои промовираат транспарентност преку технологија може да бидат евалуирани индивидуално за нивното влијание или треба да бидат гледани како дел од поголем екосистем? Дали вклучување на граѓаните во такви проекти води до поголемо граѓанско учество и поголемо барање за одговорност на јавните институции? Дали јавните институции ги менуваат нивните политики и однесувања поради информации од иницијативите од граѓаните? До кој степен користењето на алатки овозможува поттикнување на транспарентност.
Потреба
Од 19 јануари, корисниците на мобилни од Соединетите Држави имаат донирано повеќе од 22 милиони долари само преку текст-пораки. Всушност, грубо речено една петина од 112 милионите долари, кои досега ги има собрано американскиот Црвен крст за Хаити, се добиени преку текст-пораки. Технологијата очигледно има глобално влијание на донирањето за хуманитарна помош. Приоритет сега е парите да пристигнат во Хаити најбрзо што може и да се потрошат најефективно со цел да се спасат животи, да се овозможи медицинска нега и засолништа. Но, на долгорочен план, како што милион долари за помош се префрлаат за да се помогне во градењето на инфраструктурата и индустријата, како хаитските граѓани и донаторите ќе бараат отчет од институциите за правилното имплементирање на програмите за развој, а и без корупција?
Како што традиционалните медиуми се присилени да го кратат својот буџет, бидејќи нивните модели за рекламирање се неуспешни, истражувачкото новинарство и интернационалното известување се двете области кои ќе исчезнат. Дејвид Симон, во неговото сведочење пред Конгресот за смртта на весниците, рече дека со недостаток од истражувачко новинарство, “ќе бидат одлични времиња за да се биде корумпиран политичар.” Во меѓувреме, индексот на корупција на Transparency International од 2009 покажува дека корупцијата е се уште присутна и претставува светски проблем.
Меѓутоа, постои голем ентузијазам за користењето на социјалните медиуми како моќни алатки за промовирање на транспарентност и за борење против корупцијата. Но како користењето на технологијата за промовирање на транспарентноста се разликува помеѓу регионите, културите и типовите на владеење? Кои вештини и искуства им недостасуваат на моменталните проекти кои користат технологија за транспарентност? Какви односи имаат оформено со медиумите, владите и граѓанските организации за да го зголемат своето влијание? Ние ќе документираме колку што можеме проекти кои користат технологија за транспарентност со цел да имаме подобро разбирање на нивното моментално влијание, нивните пречки и иден потенцијал.
Тим
Global Voices веќе долго време известува за користењето на дигиталните медиуми и технологијата за подобрување на владеењето и борбата против корупција. Неколку автори на Global Voices заедно со водечки активисти за транспарентност од целиот свет го формираат нашиот тим од истражувачи и рецензенти. Исто така имаме можност да се потпреме на искуството и препораките од тимот на советници, составен од лидери во полето на транспарентност и добро владеење.
За оние од вас кои следите вести на Twitter имаме направено листи од нашите истражувачи, рецензенти и советници.
Резултати
Од денес имате можност да прочитате за три примери на проекти од Јордан, Чиле и Кенија. Ishki.com собира и организира жалби од локални граѓани за јавниот и приватниот сектор. Vota Inteligente користи технологија со цел да им овозможи на Чилеанците повеќе информации за нивните избрани политичари. Mzalendo ја следи работата на парламентот на Кенија со документирање на гласови, објавување на информации и обезбедување на анализи.
Во наредните две недели, на овие три примери ќе им се приклучат осум други. Со цел да објавиме најмалку 32 примери во наредните три месеци, ние исто така ќе организираме 16 дискусии на Global Voices кои ќе овозможат контекст и информации за досегашната состојба на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во специфични земји и региони. Ние исто така создаваме сет од алатки од најефективните алатки користени од проектите кои ги документираме. Кликнете на било која од алатките и ќе видите кои проекти ги имаат искористено како дел од нивната стратегија.
Ние сфаќаме дека ова се времиња кога сите се зафатени и само неколку читатели ќе можат да ги прочитаат сите примери, дискусии и профили на алатки кои ќе ги објавиме. Поради оваа причина креиравме неделен поткаст, кој ќе биде составен од петминутни интервјуа со лидерите на најинтересните проекти кои користат технологија за транспарентност. Може да кликнете на овој линк за да се претплатите на поткастот на iTunes. До сега имаме интервјуа со Вахед Ал-Барргоути од Ishki, Ори Околох од Mzalendo и Фелипе Хусер од Vota Inteligente.
На почетокот на мај ќе издадеме традиционален ПДФ извештај кој ќе ги истакне најиновативните и најефективните алатки и тактики поврзани со проектите кои користат технологија за транспарентност. Извештајот ќе содржи препораки за донаторите, активистите, НВО и владините претставници за моменталните пречки за ефективно имплементирање на технологијата за подобрување на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество. Исто така ќе ги агрегира и вреднува најдобрите идеи и стратегии за надминување на овие пречки.
Нашето истражување ќе се надоврзе на – и ќе соработува со – работата на слични проекти за мапирања, дискусии и сетови од алатки, вклучувајќи ги ParticipateDB, Participedia, International Association for Public Participation, National Coalition for Dialogue & Deliberation, ePractice, MobileActive's mDirectory и LocalLabs.
Како да помогнете
Ова е колаборативен истражувачки проект, кој е отворен за сите заинтересирани за пресекот помеѓу технологијата и доброто владеење да учествуваат и придонесат. Доколку имате сугестии за примери кои може да ги документираме и евалуираме, Ве молиме пишете ни преку нашата страница за контакт. Доколку сакате да се вклучите како истражувач волонтер може да се регистрирате за кориснички профил.
Може да се претплатите на нашиот РСС фид за ново објавени примери и нашиот поткаст за интервјуа со лидери од ова поле. Може да не следите на Twitter и да станете фан на нашата страница на Facebook за да добивате екстра новости за дневни вести и информации поврзани за технологии за транспарентност. За крај, ако сакате да се вклучите во дебатите и дискусиите за користењето на технологијата за подобрување на владите во земјите надвор од Северна Америка и Западна Европа, слободно претплатете се на мејлинг листата на „Технологија за транспарентност“.
Веќе неколку години се случува постојана дебата за тоа дали интернетот е добар или не за демократијата. Ние имаме само неколку примери и уште помалку компаративни истражувања за интернет базирани проекти кои имаат за цел да го подобрат владеењето, особено во земјите надвор од Северна Америка и Западна Европа. Се надеваме дека мрежата „Технологија за транспарентност“ ќе доведе не само до поинформирана дебата за влијанието на интернетот врз демократијата, туку и до поголемо учество и интерес во проектите кои имаат за цел да ги подобрат животите на граѓаните кои претходно беа исклучени од политичкото учество.
Овој напис е дел од Мрежа „Технологија за транспарентност“, каде истражуваме технологии кои промовираат отчетност и граѓанско учество низ целиот свет. Сите написи
Категории

Започни ја конверзацијата
Овој напис е дел од Мрежа „Технологија за транспарентност“, каде истражуваме технологии кои промовираат отчетност и граѓанско учество низ целиот свет. Сите написи
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!