„Природата нѐ предупреди. Треба да послушаме.“, рече водителот на радио емисија во Јамајка Клиф Хјуз во неговата утринска програма, по помалку од дванаесет часа од ударот на подморскиот земјотрес со јачина 7,6 степени на брегот на Хондурас на 9 јануари.
За околу еден час, властите издадоа предупредување за цунами за Пуерто Рико, американските Девствени острови, Кајманските острови, Куба, Јамајка и други острови на Карибите, како и за бреговите на Мексико и Централна Америка, но потоа беше откажано.
Јачината на земјотресот беше повисока и од тресењето што го уништи Хаити на 12 јануари 2010 година, и ги одзеде животите на околу 200,000 луѓе (што всушност резултираше и со цунами).
Многумина пратија предупредувања на друштвените мрежи, но земјотресот удри кратко пред 22:00 часот по локално време, кога голем дел од луѓето веќе беа во кревет:
According to the Pacific #Tsunami Warning Center, a 3 foot Tsunami is capable along the coasts of #Honduras, #Belize, #CaymanIslands, Southern #Cuba, and #Jamaica. @newnewspage pic.twitter.com/ml3EuJEay7
— Breaking News (@newnewspage) January 10, 2018
Според Центарот за предупредувања за цунами на Пацификот, можно е цунами со висина од околу 1 метар долж бреговите на Хондурас, Белизе, Кајмански Острови, Јужна Куба и Јамајка. [#Tsunami] Цунами; [“Honduras] Хондурас; [“Belize] Белизе; [#CaymanIslands] Кајмански Острови; [#Cuba] Куба; [#Jamaica] Јамајка
Мало цунами беше забележано на Кајманските Острови. Еден репортер за „Гласот на Америка“ постојано твиташе за ситуацијата:
Small #tsunami observed at George Town, Cayman Islands. pic.twitter.com/DBoqz2gmPO
— Steve Herman (@W7VOA) January 10, 2018
Горе: Состанокот на советодавното тело за цунами за Порторико и Девствените Острови е откажан.
Долу: Мало цунами забележано во Џорџтаун, Кајмански Острови.
Кингстон, главниот град на Јамајка, се наоѓа на јужната брегова линија на островот, меѓу Сините Планини и Карипското море. Градоначалникот на Кингстон, Делрој Вилијамс, твитна со загриженост:
Coordinated Universal Time (UTC) is 5 hours ahead of Jamaican Time. Therefore impact is predicted for 11:18pm. Please be pro active in the event predictions are accurate. https://t.co/jUyYkgBIq2
— Delroy Williams (@MayorWilliamsJA) January 10, 2018
Координираното универзално време (КУВ) е пет часа напред од јамајканско време. Значи, ударот е предвиден за 23:18 часот. Ве молам бидете проактивни, во случај предвидувањата да се точни.
Забележувајќи дека јамајканските медиуми немаат доволен капацитет за студио за вести „24/7“, Клиф Хјуз ја посочи користа од Твитер во оваа ситуација:
That quake late last night was an excellent lesson for our first responders. And especially for us in media. We were simply not prepared to quickly alert the country of the danger. We have work to do becuz it's not if but when. Twitter was very useful.
— Cliff Hughes (@cliffnationwide) January 10, 2018
Земјотресот доцна синоќа беше одлична лекција за нашите спасувачи. И посебно за нас медиумите. Ние едноставно не бевме подготвени за брзо да ја известиме државата за опасноста . Имаме работа, бидејќи не е дали туку кога. Твитер беше ептен корисен.
Предупредувања за цунами во живо
Многу жители на Јамајка чуле за земјотресот откако ги разбудиле загрижувачки пораки од другата страна на светот:
Woke at 5 a.m to whatsapp message sent at 1:45 a.m our time from UK about the warning. Internet was down when I went to bed. Suppose it was real danger, how would I have been warned?
— CWS (@SomertonSteer) January 10, 2018
Се разбудив во 5 часот утрово со предупредувачка порака на „Ватсап“ пратена од ОК во 1:45 утрото по наше време. Немаше Интернет кога отидов да спијам. А ако навистина имаше опасност, како ќе бев предупреден?
Барем една заедница во Јамајка од Олд Харбор Беј има пилотско предупредување за цунами и некои жители се евакуираа:
Panic Old Habour Bay residents leaving community in droves because of possible Tsunami threat. @JamaicaConstab @odpem @AndrewHolnessJM
— Old Harbour News (@oldharbournews) January 10, 2018
Испаничени жители на Олд Харбор Беј ја напуштаат заедницата во голем број заради можната закана од цунами.
Властите во Порторико исто така накратко издадоа предупредување за цунами, но граѓаните на сличен начин беа начекани неспремни:
Wowowow I just woke up what is this #TsunamiPR THAT I HEAR ????
— BLACK HAIR YOONMIN (@usserles) January 10, 2018
Ау ау! Само што се разбудив, што е ова цунами ШТО СЛУШАМ???? [#TsunamiPR] Цунами
Порторико се уште страда од огромните инфраструктурни штети по ураганот Марија лани, и системот за предупредување за цунами и официјално не работеше:
AHORA en #PegaosEnLaMañana: Director de la Red Sísmica acepta “está en el piso” sistema de alerta de tsunamis y que arreglarlo puede tardar meses.@radioislatv
— Rafael Lenín López (@LeninPR) January 10, 2018
СЕГА на Пегаос ен ла мањана: Директорот на сеизмичката мрежа го прифаќа системот за предупредување за цунами „што не работи“ и вели дека поправките може да траат со месеци. [#PegaosEnLaMañana] Пегаос ен ла мањана
На Карипскиот брег на Белизе, нервозата се покачи кога морето изгледаше како да се повлекува. Од метеоролошкиот центар на Тринидад и Тобаго твитнаа:
12:30AM: The Ocean Continues to Recede in San Pedro. Belize as the tsunami threat continues for Belize and Honduras.
Stay away from coastal areas if you reside in Belize or Honduras’ Caribbean coasts!
Video: Breaking News Belize pic.twitter.com/ylI1a8sM5X
— TTWeatherCenter (@TTWeatherCenter) January 10, 2018
30 минути по полноќ: Океанот сѐ уште се повлекува во Сан Педро. Заканата од цунами продолжува во Белизе и Хондурас.
Одете подалеку од брегот, ако живеете долж Карипските брегови на Хондурас и Белизе!
Видео: Брејкинг Њуз Белизе
More images from San Pedro, Belize as the ocean has receded. Stay away from the coast!
Photos: Breaking News Belize pic.twitter.com/AorHHoQ0wp
— TTWeatherCenter (@TTWeatherCenter) January 10, 2018
Уште фотографии од повлекувањето на океанот од Сан Педро, Белизе. Одете подалеку од брегот!
Фотографии: Брејкинг Њуз Белизе
Еден жител на Белизе храбро прошол низ крајбрежните области, и објавил видеа во живо на Интернет, со тоа што додал дека полицијата ги расчистува погодените подрачја.
Иронично е тоа што земјотресот се случи во Неделата за свеста за земјотреси во Јамајка и другите острови. Од Агенцијата за справување со елементарни непогоди во долните Турки и Каикос острови твитнаа:
Today, the DDME & the TCI Fire Department conducted an Earthquake Simulation Drill for the Government Offices and Private Businesses within the Town Center Mall, Providenciales. Over 70 persons participated using “drop, cover & hold” method followed by the building evacuation. pic.twitter.com/NUBBpZyAQB
— DDME.TCI (@DDMETCI) January 10, 2018
Денеска, противпожарната единица на ДДМЕ и ТЦИ спроведе вежба со симулирање пожар за владините седишта и приватните бизниси во Градскиот трговски центар, Провиденциалес. Имаше преку 70 учесници кои го користеа методот „пуштање, покривање и држење“ проследено со евакуација на зградата.
Но, загриженоста за протоколите за регионална комуникација се зголеми откако се издаде предупредување за цунами. На Хаити, барем системот работи:
Haitian internet company gives free access to govt. seismic unit. @Petchary https://t.co/4kqdTBCB59
— Jan Voordouw (@JanVoordouw) January 10, 2018
Интернет компанијата на Хаити дава бесплатен пристап до владината сеизмолошка единица.
Но владините агенции во Јамајка немале доволно силно присуство на Интернет:
It is so pathetic that social media pages of critical govt.agencies like @NWA_JA and @odpem are not updated on a regular basis – there was NO tsunami warnings on ODPEM's [Office of Disaster Preparedness and Emergency Management] twitter or website also NO updates nor map on NWA [National Works Agency] webpages/twitter of alternate route for Barbican road works
— denise demercado (@denjamdown) January 10, 2018
Толку е патетично што профилите на друштвените мрежи на важни владини агенции како @NWA_JA и @odpem не се ажурираат редовно – немаше предупредувања за цунами на профилот на Твитерот и на страницата на БПКСВС (Биро за подготвеност за катастрофи и справување во вонредни ситуации), а НЕМАШЕ ниту новости ниту мапа на профилот твитер/веб-страниците на АНР (Агенција за национални работи) за алтернативен пат до работите на патот кај Барбикан.
Наоѓање хумор и решенија во сериозна ситуација
И покрај стравот, сепак имаше време за вообичаениот Карипски хумор. Еден жител на Порторико на Твитер напиша:
Luego del susto de anoche, amanecí revisando detenidamente mi plan de emergencia familiar en caso de #tsunamiPR. Lo comparto para que se preparen y protejan sus vidas y las de sus seres queridos. pic.twitter.com/NpgPpYx7LY
— José E. Maldonado (@pollomaldonado) January 10, 2018
По синоќешниот шок, се разбудив и внимателно го проверив планот за вонредни ситуации на моето семејство во случај на цунами. Го споделувам за и вие да можете да се подготвите и да си ги заштитие вашите животи како и животите на вашите најмили. [ #tsunamiPR] цунами
Марвиа Лос, истакната религиозна фигура на Јамајка, се обиде најдобро што можеше да сврти на смешната страна, но знаеше дека ситуацијата беше сериозна:
[…]Tsunami Warning and Jamaica in the same sentence…and it's suddenly not so funny anymore […] I want to know, now what? How will these alerts be communicated to the citizenry that's not on Social Media, that lock off dem [their] radio at nights or [are] in other ways disconnected from the late-breaking news? Civil Defense Sirens in every town fi [will] wake up people? This is quite sobering I tell you.
[…] Предупредување за цунами и Јамајка во една иста реченица… и одеднаш не е така смешно […] сакам да знам што сега? Како овие предупредувања ќе бидат пренесени до граѓаните кои не се активни на друштвените медиуми, кои ги исклучуваат радијата навечер или на други начини не се поврзани со најновите вонредни вести? Сирените за цивилна одбрана ќе ги разбудат луѓето? Ова е сериозно, ви кажувам.
Како што продолжија дискусиите на традиционалните и друштвените медиуми, Бирото за подготвеност за катастрофи и справување во вонредни ситуации (БПКСВС) доби предлози за зголемување на нивното присуство на Интернет:
Note to @JAODPEM – Suggesting that once there is a threat of disaster
– send urgent alerts to all media
– post alerts on every possible social media platform
– link @djmillerja @GiovanniRDennis @dennisbroox @AbkaFitzHenley @petchary, @dennisgjones , @marciaforbes and me to help.— Jean Lowrie-Chin (@JLowrieChin) January 10, 2018
Порака до @JAODPEM – Предлагам штом има закана од катастрофа
– пратете итно известување до сите медиуми
– објавете итни известувања на сите можни друштвени мрежи
– поврзете се со @djmillerja @GiovanniRDennis @dennisbroox @AbkaFitzHenley @petchary, @dennisgjones, @marciaforbes и со мене за помош.
Градоначалникот на Кингстон, Вилијамс исто упати:
We must learn from this experience and work together on improving our disaster preparedness warning/alert systems. Natural disasters are often times unpredictable so vigilance and a proactive approach is always a merit. #EarthquakeAwareness #DisasterPreparedness
— Delroy Williams (@MayorWilliamsJA) January 10, 2018
Мора да учиме од ова искуство и да работиме заедно за подобрување на нашите системи за подготвеност/предупредување за елементарна непогода. Природните катастрофи се често непредвидливи, па претпазливоста и проактивниот пристап се секогаш добредојдени. [#EarthquakeAwareness] Свест за земјотреси [#DisasterPreparedness] Подготвеност за катастрофи
Многу држави на Карибите со богат историјат од земјотреси имаат голем број лекции од кои навистина може да се научи.